Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Новата академска година полека се наближува, а со неа започнува и трката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новата академска година полека се наближува, а со неа започнува и трката за место во студентските домови. Дел од нив ги отвараат вратите за нови станари, дел се подготвуваат за реконструкција, а воведена е и нова категоризација која носи различни месечни трошоци. Министерството за образование го објави конкурсот за сместување. Обезбедени се вкупно 3500 места, од кои 2799 се наменети за студенти од втора година па нагоре, а 699 се за бруцошите. Рокот за студентите од втора година и повисоко трае од 15 до 31 јули, додека бруцошите ќе можат да аплицираат од 14 до 20 септември.

Во Скопје оваа академска година студентите ќе можат да конкурираат за сместување во студентските домови „Гоце Делчев“ и „Стив Наумов“. Студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ сеуште се реконструира, па се очекува да биде готов во текот на академската година.

„Одлучивме да ги категоризираме домовите – два модела. Модерни и нереновирани. Цената во вторите е останата иста – тоа е СД Гоце Делчев, каде условите се сосема пристојни. Цената во модерните – тоа е Стив и наскоро Кузман (ќе биде објавен дополнителен конкурс за сместување), се зголемува за нешто над 3000 денари.“ – велат од МОН.

Реклама

Од МОН потенцираат дека овие промени на цените се неизбежни поради зголемените трошоци.

„Груба манипулација е поделбата на домови за „сиромашни“ и за „богати“, особено кога државата спроведува огромен проект за целосна реконструкција на сите студентски домови. Наскоро сите ќе бидат модерни и цената за сместување ќе биде идентична во секаде.“- велат од МОН.

Годинава започнува реконструкцијата на домовите „Пелагонија“ и „Томе Стефановски – Сениќ“, поради што тие нема да бидат во функција.

Во Штип започнува реконструкцијата на студентскиот дом „Браќа Миладиновци“. Студентите кои ќе бидат примени во овој дом привремено ќе бидат сместени во поранешниот приватен студентски дом „Оаза“, а на располагање остануваат и приватните домови „Хилјадников“ и „Логос“. Во Охрид започнува обновата на студентскиот дом „Никола Карев“, а студентите што ќе конкурираат за него ќе бидат сместени во одморалиштето на МВР. Во Битола студентскиот дом „Кочо Рацин“ продолжува со работа и во текот на оваа академска година, додека реконструкцијата е планирана да започне следната година.

Студентите можат онлајн да аплицираат на порталот е-услуги.мон.гов.мк. Инаку од оваа година, со новиот Правилник за сместување и престој се воведуваат построги дисциплински мерки како забрана за пушење во собите или внесување и конзумирање алкохол, а за најтешките прекршоци како кршење инвентар е предвидена забрана на повторно сместување во студентски дом во период до пет години.