Реклама

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

Прилози

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Македонската храна и вино, автентичната гастрономија и традиционалната музика, ќе бидат главните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската храна и вино, автентичната гастрономија и традиционалната музика, ќе бидат главните вредности со кои земјава ќе се претстави на светскиот саем ЕКСПО 2027 кој годинава се одржува во Белград. На изложбата на која досега се пријавени 135  држави, Македонија ќе настапи под слоганот „Сите ритми на сонцето“, со цел да ги привлече посетителите и да ја промовира државата како атрактивна туристичка дестинација.

„Македонија настапува под слоганот „Сите ритми на сонцето“, македонското сонце најсилно грее и ние тематски одбравме седум сектори кои што генереално ќе ги претставиме. „Македо“ се однесува на македонската музика, вино, гастрономија, природа, култура и уметност, гостопримство и „Што можам да правам кога сум во Македонија?“, изјави Александар Велиновски, комесар на македонскиот павилјон во Белград.

Македонскиот павилјон на ЕКСПО и Сојузот на стопанските комори на Македонија отворија официјална интернет-платформа преку која компатиите ќе имаат можност да се пријават за учество на изложбата, а рокот за аплицирање е до 1-ви септември. За нив се обезбедени обуки, подготовка и бесплатна техничка поддршка, а во текот на изложбата ќе бидат организирани шест тематски недели посветени на различни индустрии.

Реклама

„Дадени сегменти од нашата економија ќе можат да се претстават таму, со цел да ги потенцираме тие сегменти каде што има најголема можност за економски раст. Сметам дека таков период е од исклучително значење бидејќи имаме дадени сегменти од нашата македонска економија кои што може да се презентираат таму и покрај личниот бенефит, да создадат и бенефит и за нашата држава“, изјави Горан Ѓорѓиевски, претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија.

ЕКСПО оваа година ќе се одржи од 15-ти мај до 15-ти август и се очекува да привлече милиони посетители. За македонските компании, ова ќе биде можност да ги промовираат своите производи и услуги и да се претстават пред потенцијални деловни партнери.