Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Свет

Пожарите во Франција и Шпанија не стивнуваат, евекуирани над 220 илјади луѓе

Властите во Франција и Шпанија наредија евакуација на повеќе од 220.000 луѓе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Властите во Франција и Шпанија наредија евакуација на повеќе од 220.000 луѓе поради големите шумски пожари што беснеат во двете земји.

Во југозападна Франција, во регионите Жиронд и Ланд, властите евакуираа околу 200.000 луѓе. Рано изутринава, речиси 60.000 жители мораа да ги напуштат своите домови во близина на Бордо, а претседателот Емануел Макрон ја повика војската да помогне во гаснењето на пожарите.

Пожарот во Жиронд досега проголта повеќе од 19.000 хектари шума и уништи околу 80 куќи. Властите, исто така, го евакуираа целиот полуостров Кап Ферет, популарна туристичка дестинација.

Реклама

– Никогаш не сме виделе пожар од ваков обем, изјави францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез, додавајќи дека околу 50 пожарникари се повредени. 

Голем пожар беснее и во близина на Бискарос во регионот Ланд, принудувајќи повеќе од 23.000 да ги напуштат своите домови. Градоначалникот на една од најтешко погодените области, Леж-Кап Ферет, Филип де Гоневил, рече дека регионот се соочува со екстремни временски услови веќе еден и пол месец, без дожд и надпросечни температури.

– Ова е без преседан. Ниту ние, ниту пожарникарите досега не сме виделе нешто вакво, рече Де Гоневил.

Францускиот претседател Макрон ја опиша ситуацијата како „многу тензична“, особено во Жиронд, и потврди дека Франција го активирала механизмот за цивилна заштита на Европската Унија и очекува да добие засилување.

Во меѓувреме, ситуацијата е драматична и во Шпанија, каде што три големи пожари западно од Мадрид се споија во еден огнене фронт што пожарникарите повеќе не можат да го контролираат. Шпанската влада прогласи национална вонредна состојба, а покрај евакуацијата на 25.000 луѓе, на уште 40.000 жители им е наложено да не ги напуштаат своите домови.

Претседателката на регионот Мадрид, Изабел Дијаз Ајусо, ја опиша ситуацијата како „најлошиот пожар во историјата на регионот“, кој се соочува со „совршена бура“ од високи температури, постојани ветрови и спојување на пожарни фронтови. Пожарите се движат кон општините Робледо де Чавела и Фреснедиљас де ла Олива, на околу педесет километри од главниот град.

– Пожарот е на својот врв и пожарникарите не можат да го локализираат во моментов, изјави Карлос Новило, раководител на службите за итни случаи на регионалната влада на Мадрид. Повикана е Воената единица за итни случаи (UME) за да се обиде да го спречи ширењето на пламенот. Властите, исто така, стравуваат дека голем пожар во близина на Бургохондо во соседната покраина Авила би можел да се спои со оној во Мадрид, а министерот за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка рече дека се презема сè што е можно за да се спречи тоа.

Европската Унија испрати авиони и хеликоптери за да им помогнат на Шпанија и Франција, бидејќи поголемиот дел од јужна Европа се справува со серија топлотни бранови и продолжена суша. според Службата за климатски промени Коперник, Европа е континент што се загрева најбрзо, температурите се зголемија двојно побрзо од глобалниот просек од 1980-тите.

Потоплите, посувите услови ја сушат запаливата вегетација и дозволуваат пожарите брзо да се шират. Иако сè уште е потребна искра за да се запали пожар – обично предизвикан од човечка активност или молња – екстремната топлина и силните ветрови го забрзуваат и го отежнуваат неговото контролирање.

Според Европскиот информативен систем за шумски пожари, оваа година во Европа веќе е изгорено повеќе земјиште од годишниот просек во последните две децении. Европската агенција за животна средина предупреди дека „климатските промени го зголемија ризикот од шумски пожари низ цела Европа“, при што најголемата опасност се очекува на југот од континентот.