Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Осомничениот Марковски „не ја киднал“: Адвокатот тврди дека морал да отпатува службено и дека брзо ќе се врати

Обвинетиот бизнисмен замилионски злоупотреби со јавни набавки во РЕК „Битола“ Борче Марковски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обвинетиот бизнисмен замилионски злоупотреби со јавни набавки во РЕК „Битола“ Борче Марковски не избегал од државата – туку бил на службен пат во Србија. Неговиот адвокат го брани дека отпатувал  исклучиво поради деловни обврски, оти имал бизнис компанија која не можела да функционира без него и ќе се врател за неколку дена.

–“Пасошот е побаран за да може кратко да отпатува, да склучи договори кои чекаат негов потпис и најдоцна до 1 август се врати во земјава.За сето ова ќе бидат известени сите надлежни орани “–уверува адвокатот Марјан Николоски.

Маркоски ја напушти државава вчера откако струшкиот основен суд  му го врати пасошот, прифаќајќи ја гаранцијата вредна повеќе од пет милиони евра.Од Јавното обвинителство велат дека иницијативата за враќање на пасошот ја поднела одбраната на обвинетиот.

Реклама

“Основното јавно обвинителство Струга првично на 15.06. даде негативно мислење за прифаќање на ова барање. Откако одбраната поднела ново барање, јавниот обвинител го реферирал предметот во Вишото јавно обвинителство Битола. Од реферирањето е изготвен записник, при што Вишиот јавен обвинител донел заклучок со кој понискиот јавен обвинител го задолжил да поднесе позитивно мислење да се уважи предлогот на одбраната за враќање на привремено одземената патна исправа.”, велат од Обвинителството.

Струшкиот суд образложи дека двете мерки – гаранцијата во имот и одземањето на патната исправа – не можат истовремено да бидат во сила.Ваквото тврдење е спорно за правните експерти.

Јанаки Митровски- адвокат

 “Образложението на судот е прво законски непоткрепено и неточно затоа што член 144 го регулира тоа прашање каде што е изричито спротивно на она што го образлага судот. Стои дека може да се определуваат повеќе мерки на претпазливост што значи дека заедно со гаранцијата може да биде определена и мерка одземање на патна исправа и забрана за преминување на државната граница. Во тој дел фактички е неточен ставот на судот но повторно потенцирам дека сметам дека гаранциите треба да се прифаќаат.Но праксата покажува дека тоа пак е привилегија само кај политички и финансиски моќните, додека кај обичните смртници има малку поинаков критериум”–вели адвокатот Јанаки Митровски

Пракса стана одредени моќници да бидат привилегирани кога треба да се дели правда. Бројни се случаите кои уште повеќе ја уриваат довербата во правосудството. За потсетување,  Асмир Јахоски сопственик на Пуцко Петрол излезе од притвор со гаранција од 2 милиони евра, поранешниот претседател на фидбалската федерација Мухамед Сејдини ќе се брани од слобода со гаранција од над 1 милион евра. Поранешниот градоначалник на Карпош и екс директор на царина ,Стефан Богоев излезе од Шутка со гаранција од 55.000 евра. Лавина реакции предизвика и одлуката  за домашен притвор на поранешниот вицепремиер Артан Груби,  кој по 14 месеци бегство со распишана меѓународна потерница одлучи да се врати во Македонија.  Судот прифати и екс директорите на Онкологија, Нино Васев и Нехат Нухи, да бидат ослободени од притвор со гаранција поголема од 500.000 евра.