Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Економија

Општина Охрид реализира инфраструктурни зафати на улиците „АСНОМ“ и „Шар Планина“

Општина Охрид продолжува со реализација на инфраструктурни проекти за подобрување на комуналните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Охрид продолжува со реализација на инфраструктурни проекти за подобрување на комуналните услови во градот, при што во тек е доизградба на атмосферски канал на улицата „АСНОМ“ во станбениот комплекс „Бејбунар“, а завршено е партерното уредување на дел од улицата „Шар Планина“.

Како што соопшти на својот фејсбук-профил градоначалникот Кирил Пецаков, проектот на улицата „АСНОМ“ опфаќа изградба на 400 метри цевковод „ПЕФ 630“, со вредност од 4.353.247 денари. Работите ги изведува ЈП „Нискоградба“, по налог на Општина Охрид, со средства обезбедени од општинскиот буџет.

Паралелно, екипите на ЈП „Нискоградба“ извршиле поплочување со бехатон-плочки на површина од 1.200 квадратни метри на дел од улицата „Шар Планина“.

Реклама

Вредноста на тој проект изнесува 2.964.337 денари, појасни Пецаков.