Реклама

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Економија

Општина Илинден започна со реконструкција на мултинаменското спортско игралиште во н.м Марино

Општина Илинден продолжува со инвестиции во спортската инфраструктура и создавањето современи услови…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Илинден продолжува со инвестиции во спортската инфраструктура и создавањето современи услови за спорт и рекреација во сите населени места. Во рамки на Програмата за реконструкција на спортски игралишта, започна реконструкцијата на мултинаменското спортско игралиште во населеното место Марино, со што граѓаните ќе добијат безбеден и функционален простор за спортски активности.

Како што соопштија од Општината, реконструкцијата опфаќа целосна обнова на теренот и спортската опрема. Предвидено е поставување на нова пластифицирана заштитна мрежа, бојадисување на металната конструкција, замена на кошаркарските табли и обрачи, поставување нови столбови и анкерни плочи, монтажа на 2Д заштитна мрежа, набавка на нови голови, поставување јутена мрежа зад головите, како и поставување вештачка трева на површина од над 920 метри квадратни и ПП пластични плочки на површина од над 430 метри квадратни. Во рамки на проектот ќе биде извршена и подготовка на асфалтната подлога, како и поставување нови метални профили, со што игралиштето ќе добие целосно нов и современ изглед, во согласност со предвидените технички стандарди.

-Продолжуваме со конкретни инвестиции кои директно го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните. Со реконструкцијата на спортското игралиште во Марино создаваме современ, безбеден и функционален простор каде што младите, спортистите и сите рекреативци ќе можат да спортуваат и да го поминуваат слободното време. – истакна градоначалникот Георгиевски.

Реклама

Со реализацијата на овој проект, Општина Илинден уште еднаш ја потврдува својата заложба за континуирано унапредување на условите за спорт, рекреација и здрав живот, инвестирајќи во современи и безбедни спортски содржини достапни за сите граѓани. Реконструкцијата на игралиштето во Марино претставува дел од пошироките активности на локалната самоуправа за модернизација на спортската инфраструктура низ сите населени места во општината, стои во соопштението.