Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Како била изнесена опремата од електровлечната станица од Драчево и каде завршила?…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Како била изнесена опремата од електровлечната станица од Драчево и каде завршила? Како успеале крадците да ги превртат претешките трансформатори?  – Одговорите треба да ги даде полицијата, која работи на расчистување на тешката кражба.

Со кражбата е предизвикано уништување на значаен дел од електроенергетската опрема на железничката инфраструктура. Насилно биле превртени два големи трансформатори, секој со тежина од над 30 тони.

Од нив било испуштено и истурено трансформаторското масло, а бакарните намотки и останатите вредни компоненти биле украдени. Од подстаницата биле одземени и бакарни жици, бакарни шини и прачки. Надлежните се сомневаат дека се работи за организирана криминална група.

Реклама

Според „Македонски железници “не станува збор за обична кражба и случајот го оценуваат како сериозен напад врз железничката инфраструктура. Бараат итна и темелна истрага. МВР работи на расветлување на настаните.

„Вчера во 14 часот и 25 минути, во секторот за внатрешни работи Скопје, пријавено е дека во електрична подстаница Драчево, сопственост на Македонски Железници, во изминатите 6 месеци од страна на непознат сторител извршена е тешка кражба, при што уништена е електроенергетска опрема и одземен е бакар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.“, вели Гоце Андреевски, портпарол на МВР.

И покрај големата штета градскиот воз стартува ќе стартува  од 1-ви септември., Планираниот железнички сообраќај нема да биде доведен во прашање, порачува вицепремиерот Николоски. Ќе продолжи и редовниот карго железнички сообраќај на Коридорот 10, кој носи најголеми приходи за железницата, како и патничките линии кон Велес, Гевгелија, Прилеп и Битола.

„Сакам да ги информирам граѓаните дека:Градски воз ќе има! Ветивме од 1ви Септември и од 1ви Септември ќе оперира!Редовен карго сообраќај на Коридор 10 кој носи најмногу приход на Железници ќе има!Патнички возови ќе има!Убеден сум дека со брзата реакција на МВР крадците ќе бидат пронајдени и ќе одговараат.“, изјави Александар Николовски, министер за транспорт.

Според првичните проценки направена е штета од околу пет милиони евра.