Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Бизнис

Нов автопат Скопје-Блаце, изградбата ќе започне во август

За 4 години ќе се вози по автопатот Скопје-Блаце. Во владата и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За 4 години ќе се вози по автопатот Скопје-Блаце. Во владата и официјално беше потпишан договорот за грант меѓу ЈПДП и ЕБОР во износ од 30,8 милиони евра. Автопатот е долг вкупно 12 километри. Досега се изградени речиси 2 км од граница до Блаце, во следниот  период ќе се градат преостанатите 10,5 километри до клучката Визбегово. Премиерот Мицкоски вели дека овој автопат кој е симбол на неисполнети ветувања, особено пред избори, познат по неколку купени парцели од лица со сомнителна позадина и поврзани со политички партии од поранешната на власт, конечно ќе стане реалност. Според него, оваа влада ќе остане запаметена по бројните инфраструктурни проекти.

„Покрај оваа, којашто треба да го поврзе главниот град со границата со Косово, односно Блаце, тука се и делницата којашто треба да ги поврзе и Тетово и Гостивар, Гостивар со местото Букојчани, го завршуваме делот од автопатот Кичево-Охрид, потоа Прилеп-Битола, и наскоро очекувам да биде завршена и процедурата којашто треба да го поврзе Букојчани со Кичево. 
Заедно со оваа автопатска делница, очекувам овие 6 автопатски делници во еден момент да се реализираат“
– вели Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Изградбата стартува во август. Веќе се избрани консултант и извбедувач, а надзорот е во процес на евалуација. Вториот дел од автопатот ќе го гради конзорциум предводен од домашната градежна компанија „Гранит“. Вицепремиерот Николоски е задоволен што конечно македонска фирма ќе биде задолжена за еден од клучните инфраструктурни проекти.

Реклама

„Особено ме радува што по долги години, би рекол и децении, игнорирање на домашната градежна оператива, избраниот изведувач е домашната компанија ГРАНИТ. Со тоа покажуваме дека македонските компании имаат капацитет успешно да реализираат големи инфраструктурни проекти“ – вели Александар Николоски – Вицепремиер и министер за транспорт.

Од ЈПДП велат дека со оглед на тоа што се работи за исклучително тежок терен на падините на Скопска Црна Гора, патот предвидува бројни тунели, мостови, потпатници, галерии и потпорни ѕидови за стабилност.

„Со оглед на тоа што се работи за изклучително тежок терен на падините на Скопска Црна Гора, патот предвидува пет тунели, девет мостови, 11 потпатници, четири галерии и 9 потпорни ѕидови за стабилност“ – рече Коце Трајановски – директор на ЈП за државни патишта.

„Денешното потпишување е многу повеќе од финансирање инфраструктура. Станува збор за инвестирање во иднината на земјата, во поголема регионална поврзаност и приближување на земјата до Европската унија преку конкретни проекти што ги подобруваат животите на луѓето“ – вели Михалис Рокас – амбасадор на ЕУ во Македонија.

„Ова е одличен проект за земјата затоа што ја подобрува регионалната поврзаност, особено со Косово, а го поддржува и економскиот раст, што е навистина мошне важно, особено за создавање нови работни места“ – рече Фатих Турменоглу – претседател на ЕБОР во Македонија.

Автопатот е витална патна артерија, дел од коридорот 8 со која Македонија се поврзува со Косово и Црна Гора. Целата финансиска конструкција за вториот дел е над 220 милиони евра. 30,8 милиони евра се грант, а 167,7 милиони  евра заем од ЕБОР. Остатокот од 20 милиони евра ќе се финансира од буџетот или преку заеми.