Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Економија

Николоски: Успехот на Македонија во растот на авиолетови и туризам препознаен од Светската банка

Извештајот на Светската банка, според кој Македонија е со најголем раст на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Извештајот на Светската банка, според кој Македонија е со најголем раст на авиолетови и туризам во Европа и Централна Азија, е мотив за уште поголема работа – порача денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук-стaтус. 

Николоски потенцира дека државата забележува рекордна статистика во растот на туризмот преку авиосообраќајот во услови на светска криза потенцирајќи дека тоа е исклучителен успех што е препознаен од страна на Светската банка. 

– Успехот и растот на авиосообраќајот во Македонија се нотирани во анализата на Светската банка за раст на туризам. Со раст од 40 проценти на годишно ниво, Македонија е препознаена како најдобар пример за држава со најголем раст на патници на пристигнување во Европа и Централна Азија – наведува Николоски.

Реклама

Со мерката за субвенционирање нови авиолинии и успесите што ги постигнуваме, укажува тој, Македонија е позиционирана на врвот во привлекување нови туристи и придвижување на економијата преку туризмот.

– Овие успеси се потврдуваат и преку работата на охридскиот аеродром, каде што само во еден ден опслужени се рекордно над три илјади патници, што за аеродром од овој тип е огромен успех.  Продолжуваме во следниот период со уште повеќе инвестиции во авиосообраќајот и туризмот – напиша министерот за транспорт во објавата.