Реклама

Ја задавил поранешната сопруга, па глумел дека сонот го одвел до телото – Нови детали за грозоморното убиство во Таор

Ресорите поделени, партнерите договорени: Имињата на новите министри ќе се знаат утре по 20 часот

Литванија останува силен поддржувач на европскиот пат на Македонија

Николоски: Со реформи и инвестиции Македонски железници ќе станат поефикасни

Мицкоски: Владата ќе продолжи да работи на намалување на цените

Мицкоски на пуштање во употреба на детската градина „Кокиче“ во Трубарево

Убиена 48 годишна жена во Скопје – по пријава за исчезнување, пронајдено телото во фаза на распаѓање

Заминуваат Азир Алиу и Фатмир Лимани: Влен добива министри во правда и култура, остануваат без здравство

Евростат: Македонија со најевтина потрошувачка кошничка во Европа

Со изградба на автопатот Прилеп-Битола патувањето до Атина се крати за три часа

Повик до ЕУ: Не смее да се врши притисок врз Скопје без гаранции

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

Прилози

Николоски: Со реформи и инвестиции Македонски железници ќе станат поефикасни

Се повеќе македонски граѓани го користат возот за транспорт, а сериозен раст…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се повеќе македонски граѓани го користат возот за транспорт, а сериозен раст бележи и карго сообраќајот. Македонски железници ќе се реконтруира и од внатре. Со грант од еден милион евра од Светска банка ќе се реализираа програмите за рекоструирање на јавните претпријатија Железници транспорт и Железници инфраструктура. Како дел од растот со Европската унија, ќе се спроведе темелна и суштинска реформа во македонските железници, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.. Владата сериозно се ангажираше за враќање во живот на железничкиот транспорт а резултатите веќе се гледаат, вели вицепремиерот.

  • Ова година имаме сериозни бројки во првите четири месеци, имаме раст и во бројот на превезени патници, и она што е особено значајно и мене што ме радува, е сериозен раст на карго сообраќајот, нешто што е срцевината на економијата и нешто што ни е вонредно значајно. Во таа насока, заедно со ЕУ, работиме на планот за раст, каде што Железници транспорт и Железници инфраструктура се дел од тој план…“ рече АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ – Вицепремиер и министер за транспорт.

Македонските железнички претпријатија добиле помош во три системски, клучни столба во реконтруирањето и зајакнување. Старите и дотраени работилници со алати од пред три децении ќе бидат заменети со нови, ќе се постигне енергетска ефикасност со што ќе се намалат давачките на претријатието. Паралелно Железници работат и на дигитална трансформација со која целосно ќе се вклучат во европскиот пазар.

  • Во делот на меѓународните активности, ја зацрвстивнме нашата позиција на Коридорот 10, поентата е да не бидеме само оператор кој ќе се спроведува од север кон јужна или обратно, туку изминатите месеци Македонски железници и транспорт, иако ја имаме дневната оператива, ја дигнавме на стратешка платформа соработката и со Л. Солун и Л. Пирин меѓутоа и со сите клучни оператори на коридорот 10. Јасно се движиме кон страшките определби…рече ДЕЈАН КОШУТИЌ – Директор на МЖ Транспорт АД.

Од Светска Банка велат дека ја поддржуваат визијата на Владата јавниот транспорт не само да остане функционален, туку и да биде унапреден и модернизиран.

Реклама
  • „Оваа модернизација и трансформација на компанијата, исто така, ќе биде целосно усогласена со обврските што произлегуваат од процесот на пристапување кон Европската Унија кога станува збор за железничкиот сектор. Тоа несомнено ќе значи трансформација на целиот железнички сектор“ рече КАРОЛ МЕЖЕВАН – Директорка на Светска Банка во Македонија.

Владата ќе набавува нови возови, а во план е набавка и на пет електрични локомотиви.

Првата линија од градскиот воз е во финална фаза, од Зелениково, преку Драчево, до Центар, a до крајот на годината се очекува да биде познат изведувачот и за другите две линии.

Интензивно се гради и втората делница од коридорот 8 од Бељаковце до Крива Паланка, а за третата конечно се откочија работите и железничкиот тунел ќе се  гради заедно со Бугарија. Истовремено почна и проектот за обнова на трасата од Скопје до Кичево. Еден од најважните проекти, кој ќе чини над две милијарди евра, брзата пруга од Табановце до Гевгелија, е почнат уште од минатата есен, а предвидено е железницата целосно да биде готова во 2031-ва година.