Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Железничко поврзување со Албанија и меѓуградски воз со кои ќе се поврзат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Железничко поврзување со Албанија и меѓуградски воз со кои ќе се поврзат градовите во западниот дел на Македонија. Владата амбициозно разработува стратегија со која планира да ја развие железницата во овој регион, со цел да им го олесни транспортот на граѓаните. Заедно со Европската Унија, во рамките на планот за раст, интезивно се работи на проектот кој ќе се гради во три фази. Во првата фаза се планира железничко поврзување на Скопје, Тетово и Гостивар. Во втората фаза се планира пругата да продолжи кон Кичево, а за третата фаза кон Охрид, Струга и Албанија. Целта, како што посочи министерот за транспорт Николоски, е развој на модерен меѓуградски железнички сообраќај што ќе го намали метежот и загадувањето на воздухот и ќе овозможи побрз превоз на патници. Веќе од следната година се очекува да започнат првите конкретни активности на терен, како продолжение на проектот „Градски воз“ во Скопје.

„Мојата идеја е еден вид сон да направиме меѓуградски возови…. Интензивно се работи тој проект и се надевам дека веќе в година ќе можеме да ги видиме првите конкретни работи и за неколку години да може за половина час да се оди од центарот на Тетово до центарот на Скопје со едно пријатно возење“, изјави Александар Николоски – министер за транспорт и врски.

Паралалено со изградбата на железничка пруга со Албанија, се работи и на автопатско поврзување со Косово. Градежниот факултет работи на основниот проект за патот од Тетово до Призрен и сите детали и информации во врска со тунелот, кој треба да биде најдолгиот во Македонија се доставени до надлежните од косовска страна. Во меѓувреме интензивно се на автопатот Тетово – Гостивар. Догодина треба да бидат готови првите километри.

Реклама

„Добро оди изградбата на автопатот Тетово – Гостивар. Тоа е автопат што го почна оваа Влада, решени се сите прашања поврзани со експропријацијата, сега се решаваат работите што се поврзани со дислокација на водови. Исто така, не сакаме да го отсечеме населението од едната или другата страна на автопатот и затоа паралелно се работат натпатниците, односно мостовите и, дополку продолжиме со оваа динамика, веќе в година ќе ги видиме првите завршени километри, а до крајот на 2028 година целосно ќе биде завршен“, изјави Александар Николоски – министер за транспорт и врски.

Инаку Јавното претпријатие за државни патишта и Европската банка за обнова и развој потпишаа договор за грант и заем и за изградба на автопатот Скопје Блаце. Проектот е вреден 198,4 милиони евра, од кои 30,8 милиони се грант од Европската Унија, а 167,6 милиони евра се кредит од ЕБОР. Изградбата на патот која треба да ја подобри пповрзаноста со Косово треба да започне во автгуст, а рокот за реализација е четири години.