Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Неколку новитети најавени на Галичката свадба, Александар и Мартина годинашни младенци

Галичката свадба ќе се одржи од 10 до 12 јули во Галичник,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Галичката свадба ќе се одржи од 10 до 12 јули во Галичник, а годинашни младенци се Александар и Мартина. Најавени се и неколку новитети годинава, што за првпат ќе бидат претставени пред гостите кои ќе присуствуваат на манифестацијата што трае со години наназад и ги негува традицијата и обичаите со доста внимание.

Огњен Лазиќ, генералниот директор на Пивара, на денешната прес конференција рече дека скопска Пивара над 50 години дава поддршка за Галичката свадба. Тој рече дека е задоволство заедно да се негува традицијата.

-Во име на нашата Пивара – Скопје сакам да повикам да се дојде од 10 до 12 јули, да се присуствува на настанот и заедно да прославиме и да се дружиме – порача Лазиќ.

Реклама

Огнен Караѓозовски, претседател на месната заедница „Галичник“, рече дека повеќегодишното партнерство со Пивара е задоволство. Заедно го организираат настанот како што рече, што е многу важен за зачувување на традицијата, за продолжување на сите обичаи што се правеле и се прават.

-Особено ме радува што е голем интересот кај младите. Секоја година се зголемува интересот и кај посетителите. Е сега, наша задача е тоа да го сублимираме во еден викенд и да направиме што е можно подобра Галичка свадба и подобро претставување на Галичник – рече тој пред присутните.

Најави дека музичката група Дупер ќе одржи концерт во петокот на 10 јули, а веќе од сабота почнува Галичката свадба.

-Галичката свадба на времето траела повеќе и од седум дена. Ние сето тоа го сублимираме во два дена обичаи и традиција. Оваа година, сакаме да промениме нешто, да додадеме нешто, ќе воведеме два нови обичаи коишто се правеле пред почетокот на Галичката свадба. Тоа е замесување на сваќата и редење на ситото. Тие се доста интересни, првпат ќе бидат претставени пред публиката – посочи Караѓозовски.

Зетот бил по потекло од Галичник и пред 35 години неговите родители биле зет и невеста, информираше тој. 

-И таа Галичка свадба е првата Галичка свадба којашто била реализирана со вистинска венчавка, каде што родителите на Александар биле венчавани – сподели тој.

Годинашниов зет, Александар Пендароски, се заблагодари на организаторите, изразувајќи задоволство од целокупните подготовки кои се во тек.

Галичката невеста, Мартина Михајлова, исто така, изрази задоволство од настаните што се во тек.

-Минатата година за првпат имав прилика да присуствувам на Галичка свадба и бев воодушевена од убавината на самата традиција, на сите обичаи и без двоумење прифатив оваа година да бидам галичка невеста. За мене е огромна чест јас да бидам дел од една прекрасна македонска традиција што има огромно значење за сите нас. Исто и јас би ве поканила да дојдете на нашата Галичка свадба и да го споделиме тој момент со вас – изјави Михајлова.