Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Му го отвори ли Судот во Струга патот на Марковски за бегство? – Правници предупредуваат за можни злоупотреби

Пет милиони евра гаранција во замена за пасош. Дали со толкав износ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пет милиони евра гаранција во замена за пасош. Дали со толкав износ навистина се отстранува опасноста од бегство на бизнисменот Борче Марковски, обвинет за злоупотреби со јавни набавки во РЕК „Битола“?

Правни експерти со кои разговараше Алфа велат дека гаранцијата е законска мерка, но сама по себе не секогаш е доволна, особено кога станува збор за обвинети за тешки кривични дела. Според нив, финансиски моќни лица понекогаш се подготвени да ризикуваат и значителен имот доколку проценат дека така можат да избегнат кривична одговорност. Затоа, велат, во вакви случаи најчесто се определуваат и дополнителни мерки на претпазливост, како обврска обвинетиот редовно да се јавува во суд. Потсетуваат и дека Борче Марковски воопшто не беше во притвор, што исто така е околност што судот ја ценел.

Сепак, за обвинетиот Марковски, Основниот суд во Струга донесе одлука да му го врати пасошот, откако струшкото Обвинителство даде согласност, а судот ја прифати гаранцијата вредна повеќе од пет милиони евра.

Реклама

„Овластен подносител на ваквото барање е ОЈО Струга. Откако тие дадоа согласност да му се врати патната исправа на обвинетиот Марковски, Кривичниот совет, составен од тројца судии, одржа колегиум. Ценејќи го позитивното мислење на струшкото Обвинителство, советот донесе одлука на обвинетиот да му се врати пасошот и да се прифати приложената гаранција во вредност од над пет милиони евра“, изјави Вулнет Винца – претседател на Основен суд Струга.

Инаку, обвинението беше поднесено пред седум месеци од битолското Обвинителство против осум физички и едно правно лице за тендер во РЕК „Битола“, вреден околу 1,7 милиони евра, од 2023 година. Станува збор за набавката поврзана со дислокацијата на погонските станици од рудникот „Осломеј“ во рудниците на РЕК „Битола“. Покрај Марковски, обвинети се и петмина вработени во РЕК „Битола“ и двајца вработени во неговата компанија. Судењето, кое започна во Основниот суд во Битола, подоцна беше префрлено во Струга, но уште на самиот почеток беше одложено.

„Причината беше тоа што еден од обвинетите ангажирал нов бранител, а неговиот претходен бранител го извести судот дека, како последица на несреќен случај, се здобил со повреда поради која има потешкотии во движењето. За сите кривични дела за кои се товарат постои основ за изрекување затворска казна, а дали тоа ќе се докаже ќе се утврдува во текот на постапката“, рече судијата Јордан Јованов.

Судењето е презакажано за 2 септември, а предметот за набавките во енергетскиот гигант РЕК „Битола“ допрва треба да ја добие својата судска разврска.