Реклама

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Економија

Мицкоски: Се следи состојбата со цените на горивата, мерките остануваат на располагање

Се следи состојбата со цените на горивата, ќе видиме како ќе се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се следи состојбата со цените на горивата, ќе видиме како ќе се одвива – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој напомена дека економските мерки остануваат на располагање, но не кажа дали ќе се активираат.

Како што истакна Мицкоски одговорајќи на новинарски прашања, Македонија има убедливо најниска цена на горивата и успеа во јуни да има најниско ниво на инфлација од сите држави во регионот. 

– Живееме во прилично предизвикувачо време, имаме две сериозни војни. Според последните информации, војната во Залиот повторно се разгорува. За нас е предизвик да имаме навремено и доволно снабдување на граѓаните и бизнисот со енергенти. Обезбедуваме и за луѓе од соседството, кои купуваат гориво тука. Статситички, имаме убедливо најниска цена на горивата, бензините и дизелот, кои се берзански производи и не зависат од претприемачката логика или од политиката на Владата. Сите од иста берза купуваме, но процесот е како го менаџираме од тој момент, додека го користат граѓаните, Тој сеир ќе им го оставам на оние што уште живеат во политчкото мочуриште, како опозицијата и одделни структури кои во Битола се обидуваат од публика да креираат јавно мислење и кои, кога може да направат нешто, не само што ништо не прават туку и уназадуваат. Тие секогаш ќе останат маргиналци – потенцира Мицкоски.

Реклама

Според него, инфлацијата е еден од сегментите што се случуваат во вакви предизвикувачки времиња.

– Во јуни успеавме да имаме најниско ниво во споредба со сите држави во регионот. Кај храната е речиси 2,5 отсто, кај обувките и облеката приближно 2,1 проценти или под 3 отсто, до 3,4 проценти контрибуираат тутунот, тутунските производи, алкохолот и транспортните услуги поради високите цени на горивата. Се надевам дека ова во Заливот ќе заврши и ќе можеме да планираме појасно во следниот период, но и да продолжи, ние имаме план и доволно резерви како да одговориме на овој предизвик. Од одредени политички сили ќе се шири бран негативна енергија и тоа се случува две години – велат ќе банкротираме, но ништо од тоа, финансиски стоиме подбро од кога било, велат и дека мигранти ќе дошле, но мигрант не видовме. Ќе продолжат со лаги, тоа е дел од нивната политичка стратегија, а ние треба да се фокусираме на нашата цел и ќе ја реализираме, битно е да го оставиме срцето на терен, ако го оставиме, тогаш резултати ќе има – истакна премиерот.

Мицкоски, кој беше во посета на фабриката „Кромберг и Шуберт“ и на увид во градежните активности за реконструкција на новата училишна зграда на ООУ „Коле Канински“ во Битола, информира и дека автопатот Прилеп – Битола забрзано се гради. Тој очекува многу бргу и реализација на експресното повзрување на Битола со граничниот премин Меџитлија, со што, како што нагласи, максимално ќе се забрза движењето и ќе се растовари градот од метежот.