Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Економија

Мицкоски на увид на градежните активности во Илинден: Во тек реконструкција на улици, изградба на стадион и повеќе инфраструктурни проекти

Премиерот Христијан Мицкоски, министерот за демографија и млади, Ѓоко Велковски, и градоначалникот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски, министерот за демографија и млади, Ѓоко Велковски, и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, денеска извршија увид во реализацијата на повеќе инфраструктурни проекти во општината, меѓу кои реконструкцијата на улицата 9, изградбата на новиот стадион, како и новата централна кујна во детската градинка „Гоце Делчев“.

Како што информира градоначалникот на општина Илинден, Георгиевски, во тек е целосна реконструкција на една од главните сообраќајници во општината, во должина од 1.200 метри, при што покрај новиот коловоз и пешачките патекик, целосно е обновена и подземната инфраструктура. Посочи дека се изградени и нови приклучоци за фекалната канализација, електричната и телекомуникациската инфраструктура и оти се очекува реконструкцијата да биде завршена до крајот на летото. 

– Направивме увид во целосната реконструкција на улицата 9, односно една од главните улици тука во општината, во должина од 1.200 метри. Таа целосно се реконструира, со пешачки патеки и главен коловоз, но исто така претходеше и реконструкција на целата подземна инфраструктура, каде што целосно се промени водоводната инсталација, односно водоводните цевки, кои беа дотрајани и 20 години беа надвор од функција… Се работи за комплетно новоизграден стадион на постојно старо игралиште, каде што минатата година инвестиравме во изградба на нов терен со вештачка трева по стандардите на ФИФА и УЕФА. Годинава работиме на изградба на нова трибина со капацитет од 1.100 гледачи и со подтрибински простор. Следува целосно осветление на тој стадион, како и партерно уредување, нови паркинзи и дсруги придружни елементи, кои ќе го украсат стадионот – рече Георгиевски.

Реклама

Тој информира дека во завршна фаза е и изградбата на мостот на влезот во населбата Јака со пристапна улица од 300 метри, кој треба да биде пуштен во употреба во август, како и изградбата на фекална канализација во Миладиновци за повеќе од 1.000 жители. Георгиевски посочи и дека со средства обезбедени преку повикот на Владата веќе се изградени улиците 103 и 111 во населбата Јака, завршен е проектот за фекална канализација во Кадино, а се реализираат и други инфраструктурни и спортски проекти.

Во рамките на посетата беше претставена и новата централна кујна во детската градинка во Илинден, со површина од 300 квадратни метри и капацитет за подготовка на 800 оброци дневно.

– Нема да има приватни оператори што ќе носат храна однадвор тукутука во нашата градинка, ќе подготвуваме и ќе ги снабдуваме со топли оброци сите наши дечиња во општината – истакна Георгиевски додавајќи дека почнува и проект за проширување на градинката со нови занимални, со што ќе се обезбедат дополнителни 60 места за деца.

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, истакна дека со инвестициите во детската заштита во општина Илинден листите на чекање се практично елиминирани.

– Можеме да кажеме дека тука листите на чекање, кои ги имавме постојано, се буквално сведени на нула. Дај боже да има повеќе дечиња, а градоначалникот и сите ние ќе бидеме расположени секогаш да го дополниме тој капацитет за потребите на граѓаните, пред сè тука во општина Илинден – рече Велковски.

Во рамките на државниот план за проширување на капацитетите за згрижување деца, Велковски додаде дека во 2026 и 2027 година ќе бидат отворени 37 нови објекти со капацитет за повеќе од 3.800 деца, од кои 15 ќе бидат пуштени во употреба до крајот на годината. Изминатите две години, пак, тој информира дека во детските градинки се вработени повеќе од 900 воспитувачи и друг стручен кадар најавувајќи продолжување на инвестициите во детската заштита.

– За новинарите и за јавноста, важна информација е дека 15 од овие 37 објекти ќе бидат отворени до крајот на 2026 година, со што повеќе од 1.800 дечиња ќе може да се сместат во овие капацитети – посочи Велковски.

Премиерот Христијан Мицкоски, пак, посочи дека на реалокација од централниот буџет кон општините Владата има повеќе од 1.200 проекти, од кои некои се во процес на реализација.

– Очекувам следната година да ја заокружиме со овој процес на овие проекти од првиот и вториот повик и веќе да размислуваме за третиот, што мислам дека ќе биде исто така потребен. Во меѓувреме, општините подготвуваат нови проекти, што е добро. Така што, јас само можам да им честитам на градоначалниците, во случајот на градоначалникот на општина Илинден, кој прави импресивни работи овде. Имаме една заокружена слика, која денеска ја менува сликата за Македонија, од една држава што беше ограбена, понижена, посрамена, доаѓаме во држава во која се гради, во која се граби напред и така ние во Владата ќе продолжиме понатаму да функционираме – рече Мицкоски.