Реклама

Деновиве во Кореја се одлучува за статусот на Охрид во УНЕСКО

Мицкоски: Водата во Гостивар до крај на неделата ќе биде за техничка употреба

Словенечки модел за ставање крај на злоупотребите на боледувањата

Летнатите кровови отворија сомнежи – почнуваат проверки на градежните стандарди

Мицкоски: Размислуваме за повторно намалување на ДДВ од 18% на 10%

АХВ: Во Гостивар изречени 30 казни и затворени 11 нерегистрирани оператори

По Скопје, на удар на „совршената бура“ беше и југоисточниот дел: Настрадаа Штип, Свети Николе и Пробиштип

По хаваријата со водоводот: Владата ветува брзо решение за Гостивар

Однесено со ветрот: Ден по силната бура Скопје полека се опоравува, се санираат и бројат штетите

Кулминира топлотниот бран во Грција – во Атина екстремна опасност од пожари

Рокас: ЕУ ве гледа како идна членка, но владеењето на правото останува бескомпромисен услов

Брисел со нови пофалби за Македонија: Додека опозицијата блокира, Владата засилено работи на реформите

Прилози

Мицкоски: Водата во Гостивар до крај на неделата ќе биде за техничка употреба

До крајот на неделава се очекува да се реши проблемот со водата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До крајот на неделава се очекува да се реши проблемот со водата во Гостивар, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Според него, Владата навремено е вклучена во надминувањето на кризата, иако надлежноста припаѓа на локалната самоуправа. Сепак, тој очекува крај на кризната состојба доколку сите активности се реализираат според предвидената динамика.

„Јас очекувам до крајот на оваа недела да имаме технички исправна вода во Гостивар. Сега треба да се пристапи кон целосно перење на системот, за да може да добиеме вода која што ќе има нормални граници на хлор и која што ќе биде добра за техничка употреба. Ако е се како што треба, планот е до крајот на идната недела таа вода да биде добра и за пиење.“, изјави Христијан Мицкоски, премиер на Македонија.

 Лидерот, пак, на СДСМ, Венко Филипче, не престанува да ја обвинува Владата дека не реагирала на време и побара одговорност за состојбата во која се најдоа гостиварци. Според него, ситуацијата во Гостивар ја прикажува неефикасноста и нефункционалноста на власта.

Реклама

„Ова што се случи во Гостивар е само еден од показателите и најдраматичниот доказ за тоа колку системот е оштетен и лошо се менаџира од страна на оваа власт. Основната функција на здравствениот систем, а тоа е да го штити здравјето на граѓаните, очигледно е дека како функција е нарушена.“, изјави Венко Филипче, претседател на СДСМ.

Венко Филипче е последниот што има кредибилитет да зборува за состојбите во здравството. СДС нема право да зборува за здравството, СДС за нивните 7 години власт направи скандали кои граѓаните ги плаќаа со своите животи, му одговорија од владејачката ВМРО ДПМНЕ.

Во меѓувреме, коалицијата ВЛЕН го обвини Арбен Таравари за неиполнети ветувања поврзани со решавањето на долгогодишниот проблем со  водоснабдувањето во Гостивар и побара од него да понесе политичка одговорност. Според нив, ниту едно ветување на локалната власт не било исполнето.