Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Мицевски: Додека Филипче бил министер за здравство се криело дека водата била неисправна во повеќе места

Речиси 400 испитувања на водата во период кога Венко Филипче бил  министер…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Речиси 400 испитувања на водата во период кога Венко Филипче бил  министер за здравство, покажале дека граѓаните пијат неисправна вода. ВМРО-ДПМНЕ тврди дека  тогашната власт не само што не преземала ништо за тоа, туку и го сокрила овој податок . Според наводите во извештаите од извршените анализи во 2021 година  кои ги сподели Никола Мицевски, водата била загадена во повеќе населени места и јавни установи.

„ На ден 19.05.2021 година, испитувањата за водата на Водостопанство Лисиче во Велес, не одговарале согласно Правилникот за безбедност и квалитет на водата, односно народски кажано, водата не била за пиење. На ден 22.06.2021 година, испитувањата за водата во локален водовод во село Нивичани, Кочани, исто така, не одговарале согласно Правилникот за безбедност и квалитет на водата. На ден 20.07.2021 година, , испитувањата за водата во Пештани, Охрид, не одговарале согласно Правилникот за безбедност и квалитет на водата, за што е направен записник и решение за забрана од 23.07.2021 година. На ден 10.11.2021 година, во чешма во школо Страшо Пинџур, село Уларци, Чешиново, водата не била согласно законските прописи. Водата во Здравствен дом Делчево на 11.01.2022 година, не била за пиење“, појасни Мицевски.

Венко Филипче и СДС свесно оставиле граѓаните бавно да се трујат само за да не изгубат политички поени, вели Мицевски.

Реклама

„За ниту еден од овие но и многу други случаи, јавноста не е информирана, болниците биле полнети, на граѓаните очигледно им било лошо, но никој не знаел од што, а власта тоа вешто го криела“, обвини Мицевски.

За случајот е известено Министерството за внатрешни работи и документите ќе бидат доставени до Јавното обвинителство.