Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Реконструкција на Домот на АРМ, касарни, армиски хотел, воено медицинскиот центар во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Реконструкција на Домот на АРМ, касарни, армиски хотел, воено медицинскиот центар во Скопје. По повеќе од три децении, Владата презема големи инвестициски активности за модернизација на воената инфраструктура и армиските капацитети. Само годинава во тек се проекти во износ од три милиони евра. Касарната „Ќојлија“ е еден од објектите кој целосно се модернизира. Министерот Мисајлоски кој беше на лице место најави дека до септември објектот треба целосно да биде завршен:

„Се работи на нови покриви, се заменуваат покривите насекаде во касарните. Правиме нови капацитети во Прилеп за модернизацијата што стига, односно новите возила. Пробуваме секаде да бидеме присутни. Може да се види една голема динамика еден градежен бум насекаде. И ова не е  доволно, знаете 30 години овде не се заковала ниту една шајка“, изјави Владо Мисајлоски Министер за одбрана.

Модернизацијата на АРМ и воената структура е дел од владиниот план, но и обврска од членството во Алијансата. Министерот Мисајловски вели дека над 30 % од буџетот на министерството за одбрана ќе се издвојуваат за модернизација на војската, а паралелно ќе се вложува и во инфраструктурата. На овој начин според него државата ќе одговори на обврските, но и ќе го поттикне економскиот развој на државата:

Реклама

„Во наредните 10  години имаме план, нормално како ќе расте буџетот, се зависи од економијата политичките состојби. Во Анкара главното прашање беше како ќе пораснат буџетите до 5% и многу земји, најголемите имаат потешкотија да стигнат, дали треба да одвојат средства дополнително за армиите, дали да одвојат од здравство и социјала и така натаму. Сепак претставува едно големо тешко прашање. Јас би сакал индустријата да ја привлечеме, да има средства во македонската индустрија, оине компании што тука ра ботат, за да се зголемува домашн ата еконоимија“, изјави Владо Мисајлоски, министер за одбрана.  

Македонија е обврзана до 2035 година да ја исполни квотата од пет проценти од буџетот, за НАТО. Покрај средствата од буџетот од Министерството, тука влегуваат и капиталните проекти што ги реализира Владата, особено изградбата на Коридорите 8 и 10. Зголемувањето на средствата во министерството и инвестициите во одржувањето на постојните капацитети, ќе зависат и од економските и политичките услови во Македонија.