Реклама

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Прилози

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Владата нема да дозволи цените да дивеат. Онаму каде што пазарните инспектори…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата нема да дозволи цените да дивеат. Онаму каде што пазарните инспектори ќе утврдат нелогични поскапувања или неоправдано високи трговски маржи, ќе следуваат соодветни мерки и санкции. Министерот за економија и труд, Ристески, веќе остварил средба со поголемиот број на трговци, добавувачи и увозници и оцени дека досегашниот балансиран пристап на делување на Владата дава резултати, појаснувајќи дека Македонија во моментов има најниска инфлација во регионот.

Оваа влада работи по пазарни услови пазарна економија нема досега ограничувања и гледаме дека пазарот на понуда и побарувачка ги регулира добро цените. Порано владите кога имало директно мешање, можеби ефектот бил мал, но тоа се пресликувало и се дуплирално кога ќе заврши мерката, на крајот од денот тоа го плаќаат граѓаните. Онаму каде нема пазарна логика во зголемувањето на некои цени маржи, ќе реагираме затоа што не сакаме да плаќаат екстра профити на грбот на граѓаните во момент кога имаме светска економска криза“, изјави Марјан Ристески заменик министер за економија и труд.

Просечната потрошувачка кошничка која ја најавува Владата треба да почне да се применува од септември.  Таа како што објаснуваат надлежните ќе им служи како статистичка основа за креирање економски политики, закони и мерки, темелени на релевантни и обработени податоци.

Реклама

Кошничката не е пандам на минималата потрошувачка која не е минимална ја објавуваат синдикатите по нивни параметри,  но оваа кошничка ќе ни користи за водење на исправни економски политики, закони, мерки за да бидат врз база на добро обработливи статистички податоци. Ако се усогласиме од септември ќе почнеме да ја применуваме“, изјави Марјан Ристески заменик министер за економија и труд.

За утре е закажана седница на Економско-социјалниот совет, на која ќе се разгледуваат повеќе точки, меѓу кои и годишната програма за работа на Советот, како и повеќе прашања поврзани со економските и социјалните политики.