Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

Македонската јавност и културната сцена се простуваат од Гоце Тодоровски, легендарниот актер, доајенот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската јавност и културната сцена се простуваат од Гоце Тодоровски, легендарниот актер, доајенот на македонскиот хумор, човекот чиј глас и лик беа синоним за топлина, народна мудрост, хумор, кој низ својот исклучително богат децениски ангажман остави силен печат во колективната меморија на неколку генерации.

Веста за заминувањето на Гоце ја сподели неговата ќерка Сашенка Тодоровска. Таа изјави дека Гоце имал огромна желба за живот, но за жал, неговото срце не издржало:

„Уште кога си замина кумац Ванчо, замина и дел од тебе, остана без една половина … Крај. Сега барем знам дека сте заедно, тандем на овој, па и на оној свет“, напиша ќерката на Гоце Тодоровски

Реклама

Во својата богата кариера Гоце Тодоровски беше дел од бројни театарски, филмски и телевизиски проекти преку кои остави неизбришлива трага на домашната сцена.. Оствари повеќе од 50 улоги. Го играше незаборавниот Цанде во „Солунски патрдии“,  Ачко во „Викенд на мртовци“, а особено беше неверојатен во претставите „Лет во место“, „Болва во уво“, „Женски оркестар“, „Тетовирани души“.Препознатливост кај пошироката публика Тодоровски стекна со улогите и во серијалот Македонски народни приказни.За неговиот придонес во македонската култура доби повеќе признанија и награди во текот на своето творештво, меѓу кои и наградата за најдобра улога за ликот Цанде во Солунски патрдии.

Покрај телевизијата, Тодоровски беше еден од носечките гласови и на радиопрограмите. Над 25 години тој беше заштитно лице на култната сатирично-хумористична емисија „Хихирику“ на Радио Скопје. Во последните децении, неговиот глас стана препознатлив и за помладата публика преку маестралните синхронизации на телевизиските серии. Гоце Тодоровски е роден на 30 април 1951 во Кичево. Својот уметнички пат го започна на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а веднаш по дипломирањето, стана постојан член на Драмскиот театар во Скопје.