Македонија останува со најевтини горива во регионот, но и без рестрикции. Од понеделник Хрватите ќе точат само одредена количина, додека пак и другите земји од размислуваат да стават ограничувања. Кај нас нема секој ќе може да точи бензин и нафта онолку колку што му е потребно.
Според сегашните цени, едно полнење на резервоар од 50 литри во Македонија изнесува околу 70 евра за бензин и нешто повеќе од 71 евро за дизел. Но, истиот резервоар во соседството чини и до 30 евра повеќе. Најскапо е во Грција, каде за 50 литри бензин ќе платите речиси 100 евра, додека во Србија дизелот достигнува речиси 95 евра за полн резервоар.
ТЕЛОП МК

Држава 50 л Бензин Разлика од МК 50 л Дизел Разлика од МК
Македонија 70,5 € – 71,5 € –
Србија 84,0 € +13,5 € 94,5 € +23,0 €
Грција 99,0 € +28,5 € 92,5 € +21,0 €
Бугарија 73,0 € +2,5 € 75,0 € +3,5 €
Албанија 87,5 € +17,0 € 90,0 € +18,5 €
Хрватска 80,0 € +9,5 € 83,0 € +11,5 €
Косово 85,0 € +14,5 € 85,0 € +13,5 €
Словенија 78,0 € +7,5 € 81,5 € +10,0 €
Инаку, Македонија се стреми да остане со најниски цени на горивата за да се заштити стандардот на граѓаните. Премиерот Мицкоски изјави дека меѓу мерките кои на Владата и стојат на располагање е и намалување на ДДВ-то од 18 на 10%. Сепак, и покрај тоа што оваа е најнепосакувана мерка бидејќи удира директно врз државниот буџет, тој смета дека интересите на граѓаните треба да бидат во фокусот при зачувување на ценовната стабилност. Засега не се знае дали се исполнети условите акцизата да се намали за 4 денари по литар. Услов е цената на нафтата да надмине 1200 долари по тон. Цената во петокот, последен ден на берзанските тргувања, изнесуваше 98,3 долари за барел и е повисока за околу10 долари споредено со минатиот петок. Горивата во Македонија за три недели поскапеа за 14 денари кај дизелот и за 5,5 денари кај бензините.
А, за Владата да мопже да ги носи овие мерки, потребно беше амин и од Собранието. Минатата недела, едногласно со 88 гласа „за“, пратениците изглассаа продолжување на кризната состојба во снабдувањето со нафтени деривати за уште 90 дена.
