Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Прилози

Летнатите кровови отворија сомнежи – почнуваат проверки на градежните стандарди

Градежните комапнии под лупа. Ќе се испитува која од нив не ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градежните комапнии под лупа. Ќе се испитува која од нив не ги испочитувала строгите критериуми при градба што беше причина толку кровови да летаат среде Скопје. Но, прво треба да се утврди колку објекти се оштетени, колкава е штетата и дали станува збор за неквалитетна градба. Општините ги собираат податоците,а потоа ќе бидат испратени до надлежните институции.

Најголем ризик се лимените кровови, доградени на постари објекти, споделуваа граѓани на социјалните мрежи. Други алармираат дека има проблем и со новите градби.

Кога градот ги финансираше замената на старите наводно канцерогени табли со лимен кров некаде 2017-18 година во Скопје, се ставаше лим најтенок што можеше на пазарот да се најде за да има пари за мајсторите и куќниот совет се разбира“, стои во една објава на платформата Икс.

Реклама

Летнаа крововите на зградите од комунизмот кои се направени со рамни кровови и станарите накнадно си ставиле покрив од лим“, се алармира во друг статус.

Од невремето се виде квалитетот на градбите во Скопје!!! Ако мавне некое послабо торнадо, чудесијава ќе изгледа како воена зона“, наведува друг граѓанин.

Градоначалниците засега не можат да споделат официјални бројки за оштетени објекти, зошто контролите се во тек.

„Доколку имаме вакви појави ќе побараме соодветна докуменација од управителите за да видиме дали таа градба е градена согласно проектната документација, дали таа градба била безбедна или небезбедна, доколку имаме такви појави ќе ги информирам е надлежните институции. Во овој момент во Гази Баба немаме пријавено штета на некои од колективните домувања, тука пред се мислам на згради и слично. Имаме кров летнат над основно училиште каде што веќе превземаме конкретни чекори за негова санација и пријавени се досега 14 штети на индивидуални објекти, тука пред се мислам на куќи“, изјави градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.

И во општина Центар, која беше една од најпогодените во силното невреме, екипите се на терен и се вршат проценки.  

„Уште од првиот момент сме на терен со сите наши служби да им помогнеме на граѓаните. Паралелно со расчистувањето на последиците, работевме и на системско решение за финансиска поддршка на најпогодените“, изјави градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски.

Општинските градежни инспектори, инспекторите за домување и другите надлежни служби сите ќе работата за откривање на недоследностите при градба, најави претходно  градоначалникот Ѓорѓиевски.