Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

18 годишна девојка од село Лојане и две малолетнички од Куманово на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

18 годишна девојка од село Лојане и две малолетнички од Куманово на 14 и 15 годишна возраст, заработија кривични пријави за грозоморниот напад врз 14 годишно девојче. Настанот се случил на 13 март, во спортскиот центар Соколана“ во Куманово, но јавноста дозна вчера од вознемирувачката видео снимка која се ширеше на социјалните мрежи. Насилничките прво ја убедиле младата девојка да излезе од дома, а потоа ја намамиле да дојде спортскиот центар. Во една од просториите ја опколиле во ќош и почнале да ја кубат за коса и туркаат кон ѕидот. Додека и удирале шлаканици и клоци една од насилничките го снимала тепањето со мобилен телефон. На крајот трите и се заканиле на жртвата дека ќе и се случат многу полоши работи, ако случајот го пријави во полиција.

За психолозите ваквото девијантно однесување кај младите не е нешто ново, но денес е поизразито од порано затоа што насилниците сакаат поголема публика и се желни за внимание, а социјалните мрежи им го овозможуваат тоа.

„И во минатото секако имало врсничко насилство, но многу е сега поистакнато со достапноста на социјалните мрежи нели денеска речиси секое дете има телефон и тоа му е достапно. Сега е веќе се користи таа негативна појав а како начин за истакнување пред другите, пред друштвото. Да се припаѓа на една група“, изјави Розета Паскали – психолог.

Реклама

Психолозите предупредуваат дека загрижувачки е и таканаречено групно насилство, кога присуството на повеќе лица го намалува чувството на лична одговорност, па ретко кој се охрабрува да интервенира.

„Како толку деца има во групата околу она што се случува на децата а никој не реагира. Тоа можеби е дел од психологија на група, каде што одговорноста се дели на сите што се таму. Кога има повеќе група луѓе, тогаш одговорноста е помала на индивидуата“, изјави Розета Паскали – психолог.

Превенцијата е неопходна, а синџирот почнува од дома, порачуваат упатените. Освен со децата, потребно е континуирано да се работи и со родителите.

Емпатијата е нешто што се учи од дома. Веројатно треба да се работи и со родителите, што се тие ги научиле своите деца, за да се однесуваат така ладно,“ изјави Розета Паскали – психолог.

Случајот во Куманово е последниот во низата насилства кои беа регистрирани во полиција. Претходно слични вакви инциденти беа регистрирани во Аеродром и Ѓорче Петров. Според последните истражувања, речиси секое четврто дете, односно 23 проценти од младите на возраст од 13 до 15 години, лани најмалку еднаш биле жртви на врсничко насилство.