Реклама

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа, ги договараме Чебрен и Галиште, се менува геостратешката положба на земјата

Мицкоски: Не се инаетиме со Бугарија, не сме тврдоглави, но тоа е двонасочна улица во која бараме решенија со предвидлив крај

Мицкоски од Вашингтон: Во Македонија и во оваа Влада, САД гледаат исклучително близок пријател во регионот и во Европа, нивната поддршка останува непроменета, договараме капитални проекти

Билатерални договори со земјите од ЕУ – засега единствено решение за проблемот на превозниците

Артан Груби и Перпарим Бајрами заедно во судница – судење за „Државна лотарија“

Прилози

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Корупцијата, која со години пушташе корени во институциите, Владата се обидува да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Корупцијата, која со години пушташе корени во институциите, Владата се обидува да ја пресече уште во зачеток. Откако Мицкоски најави нова бесплатна телефонска линија во МВР, каде секој граѓанин ќе може да го пријави случајот и лицето кое што ќе побара или ќе понуди поткуп, познавачите со солидни оценки. Сметаат дека  телефонското пријавување е клучно, па води кон темелна проверека и откривање.  

Доколку вие немате соработка на највисоко можно ниво во државата, особено соработката помеѓу ЈО кое на врвот на истрагата и сите оние органи кои учествуваат во предистражните дејствија. Зборувам за царина полиција финансиска инспекциски служби. Таму соработката  и координацијата мора да е на највисоко можно ниво за да имаме реална борба против криминалот и корупцијата.  05 13 Многу е важно во самите институции да се изгради една состојба во која секој е должен да ги спроведе дејствијата за кој е примен на работа и за кој прима соодветна плата“, изјави Љубомир Ѓурчески.

Доколку не се постапува по пријавата, довербата кај граѓаните лесно може да се изгуби, а корупцијата повторно да најде простор да опстојува, предупредува Ѓурчески. Според него успехот нема да се мери според бројот на примени повици, туку според бројот на расчистени случаи, покренати постапки и изречени санкции. Клучно е да се направат и законски измени со кој давателот на мито, ќе се иземе од одговорност. Според сегашниот закон, казни може да заработат и тој што дава и тој што прима мито.

Реклама

„Доколку ова кривично дело за давање биде извадено од кривичниот закон иземено мислам дека граѓаните повеќе ќе се охрабрат да пријавуваат корупција на сите нивоа“, изјави Љубомир Ѓурчески.

Од СДСМ со критика. Велат дека мерката на Владата со само неколку дена задоцнување е превземена од Србија, каде половина од граѓаните, веќе во оваа држава го имаат пријавено премиерот Вучиќ.