Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Корекција на луксузната листа – владата се пишмани по бројните реакции

Лутеницата, цвеклото, црвениот бибер  и урдата сепак не биле луксуз и не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лутеницата, цвеклото, црвениот бибер  и урдата сепак не биле луксуз и не се штетни по здравјето на луѓето . По бурните реакции од граѓаните ,  Владата ја ревидираше листата на таканаречени луксузни производи и одлучи сите основни прехранбени произоди кои се со „ гарантирана цена “, а се најдоа и на луксузната листа да се со  стапка  5 отсто ДДВ.  

  • „Со оваа измена, урдата, замрзнатото тесто, црвениот бибер и црвениот пипер, бебешките каши, адаптирано млеко за доенчиња, додатоци за исхрана за опаднат имунитет, хербалните чаеви, наполитанките и вафлите, растителниот кашкавал, останати одредени видови кашкавали, лутеница и конзервирано цвекло и феферони, се производи коишто ќе се оданочуваат со повластена стапка на ДДВ од 5%. Односно Примената на најниската повлатена стапка на ДДВ во земјава се однесува на повеќе од 1650 прехранбени производи, а дополнително повластена стапка имаат и други околу 950  прехранбени производи“ велат од Финансии. 

Владата повисокиот данок  го правда со тоа што се грижеле за здравјето на граѓаните. Дури и премиерот и вицепремиерот кажаа дека чипсот и сладоледот не се здрави, па затоа требало да се на луксузната листа . Иако листата беше енигма додека во Собранието се дискутираше за даночната реформа од Министерството за финансии тврдат дека целиот процес за повисокото ДДВ бил транспарентен и се консултирале со бизнис заедницата.   Додека траеше дискусијата јавноста единствено знаеше дека ќе поскапат производи кои не се за секојдневна употреба како кавијарот, а од  минатиот петок граѓаните се соочија со дополнителен шок .

Во меѓувреме инфлацијата се уште не е стабилизирана  . Во обид да се заузда во изминатите две години неретко се играше топло – ладно со цените и маржите , неколку пати беа замрзнати па одмрзнати .  Една недела откако  25 категории на производи добија  „ загарантирана цена “ , се покачи ДДВ –то на 250 категории па настана вистински хаос и кај трговците и кај потрошувачите оти исти производи се најдоа на двете листи.

Реклама

Кристина Алексиеска