Реклама

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Економија

Комисијата на финансирање и буџет расправаше за завршната сметка на Буџетот за 2025 година

Комисијата на финансирање и буџет на денешната седница му предложи на Собранието…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Комисијата на финансирање и буџет на денешната седница му предложи на Собранието да ја разгледа завршна сметка на Буџетот на Република Северна Македонија за 2025 година.

Заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски појасни дека бруто-домашниот производ (БДП) во 2025 година остварил реален раст од 3,5% и е во согласност со проекциите на Министерството за финансии. Динамиката на растот била поизразена во втората половина од годината, кога достигнал 3,8%, наспроти 3,2% во првата половина.

– Растот на економската активност во 2025 година е резултат на позитивните остварувања во услужниот сектор и градежништвото. Градежништвото регистрира двоцифрен раст од 13,7% на реална основа, пред сè поттикнат од сегментот нискоградба, кој оствари значителен раст од 19,3%, што укажува на интензивирање на инвестициите и забрзан напредок на инфраструктурните проекти, особено на коридорите 8 и 10д. Растот беше поддржан и од специјализираните градежни работи, кои се зголемија за три пати во споредба со претходната година, додека високоградбата забележа пад од 2,6%. Услужниот сектор регистрира раст од 3% на реална основа, при што растот беше забележан во сите дејности на секторот, а најголем придонес имаше дејноста трговија, транспорт и угостителство, која порасна за 4,1%. Индустријата и земјоделството остварија раст од 2,5% и 1,8% на реална основа, соодветно, истакна Јанкуловски.

Реклама

Стапката на инфлација достигнала 4,1 отсто, што според заменик министерот, забележала мало забрзување во однос на претходната година. Просечната стапка на невработеност во 2025 година изнесувала 11,5 проценти, додека стапката на вработеност изнесува 46,4 отсто. 

Просечната нето-плата забележала номинален годишен раст од 9,6 проценти, додека на реална основа се зголемила за 5,3 отсто, а раст бил забележан во сите сектори.

Фискалната политика, додаде Јанкуловски, се реализирала во рамките на планираните износи со Буџетот, реализацијата на приходите била во согласност со очекувањата, а расходите се извршувале редовно и навремено.

– Вкупните приходи во 2025 година се реализирани во износ од 335,7 милијарди денари што претставува 92% од проектираните приходи за 2025 година и се за 9,9% повисоки споредено со буџетските приходи минатата година. Даноците и придонесите имаа остварување 96,2% од планираното или во апсолутен износ 306,9 милијарди денари. Со ова ниво на реализација на даночните приходи и социјалните придонеси се потврдува определбата за реално планирање, и тоа во услови на кризна состојба и зголемена непредвидливост, појасни Јанкуловски. 

Во рамки на реализираните вкупни приходи на Буџетот, даночните приходи и социјалните придонеси учествувале со 91,4%, неданочните со 5,7%, а донациите и капиталните приходи со 2,9%. Реализацијата на вкупните расходи изнесувала 377,5 милијарди денари или 93 проценти во однос на проекцијата.

– Редовно и навремено се подмируваа сите обврски поврзани со исплата на пензиите на вкупно 348.795 пензионери, социјалните надоместоци, паричниот надоместок за невработеност, здравствените услуги од Фондот за здравствено осигурување, дотациите до единиците на локалната самоуправа, финансирањето на радиодифузната дејност, а истовремено се реализира и значителен износ на субвенции како поддршка на земјоделците, истакна Јанкуловски. 

Според него, остварени се значителни инвестиции со буџетски средства во делот на патната инфраструктура во износ од 7,2 милијарди денари, поврзани со проектирање и изградба на дел од Коридорот 8 – делница Тетово – Гостивар, изградба на нов автопат Требеништа – Струга – Ќафасан, изградба на делниците Гостивар – Букојчани, како и на делницата Прилеп – Битола на Коридорот 10д.

Буџетскиот дефицит, додаде, бил остварен во износ од 41,8 милијарди денари и бил постигнат планираниот износ на буџетскиот дефицит. 

Комисијата го разгледа и годишниот извештај за извршените ревизии и за работата на Државниот завод за ревизија за 2025 година, при што констатира дека Државниот завод за ревизија во 2025 година ја реализирал годишната програма за работа, при што ја опфатил целокупната структура на институции во државата, вклучувајќи институции од централната и локалната власт, акционерски друштва, политички партии јавни претпријатија, агенции и фондови и други субјекти кои располагаат со јавни средства и изготвил стручни извештаи кои содржат реални објективни информации за работењето на ревидираните субјекти и даваат реална слика за нивното работење. 

Извештајот, според главниот државен ревизор Максим Ацевски, е одраз на посветеноста на Државниот завод за ревизија како чувари на јавните средства и сеопфатен приказ на тоа како се управува со средствата на граѓаните на нашата држава, односно со средствата на даночните обврзници.

​- Во текот на 2025 година, Државниот завод за ревизија ја опфати севкупната структура на институции од централната и локалната власт до јавните претпријатија, акционерските друштва, политичките партии и фондовите. Нашата мисија е јасна, преку објективни, веродостојни и точни ревизии да создадеме додадена вредност за граѓаните и да поттикнеме поефикасно користење на јавните ресурси и испорака на квалитетни, навремени и во контект услуги кон граѓаните, истакна Ацевски.

На денешната седница Комисијата за финансирање и буџет ги разгледа и годишните извештаи за работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2025 година и за состојбата и движењата на осигурителниот пазар во Македонија во 2025 година.