Реклама

ЕУ: Изборниот законик е добро подготвен, очекуваме надминување на блокадата

Македонската армија се модернизира со воена опрема вредна над 40 милиони евра

ЕУ ги наградува реформите: Македонија пред можност да добие дополнителни пари за инфраструктура

Михалис Рокас со пофалби за реформите: ЕУ гледа голем напредок во реформската агенда на Македонија

Рокас: Навистина гледам забрзување на реформите, измените на Изборниот законик се добри и се надевам дека партиите ќе постигнат консензус

Нова економска реалност: Одржливоста станува клуч за економскиот развој

3 до 4 пати е поголем растот на платите споредено со времето на минатата власт

Мицкоски и Николоски од Неготино: Македонија е големо градилиште, се гради на над 1200 локации

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСM на наредните избори

Разговор со психологот Секулоска: Казни или страшни последици – како да се реши меѓуврсничкото насилство?

Мицкоски: Да најдеме начин за гласање на дијаспората – електронски, преку писма

ЕУ ќе пренасочи средства за Западен Балкан кон земјите предводнички во рефромите – меѓу кои и Македонија

Македонија

Колумбија: Целите на одржливиот развој не може целосно да се остварат без вклученост на приватниот сектор

Целите на одржливиот развој не може целосно да се остварат, доколку во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Целите на одржливиот развој не може целосно да се остварат, доколку во процесот целосно не е вклучен приватниот сектор, а ова е особено важно за Македонија, изјави денеска постојаната координаторка на Обединетите нации во земјава Рита Колумбија во денешното воведно обраќање на Конференцијата „Претворање на одржливоста во конкурентност: Градење отпорни бизниси во неизвесен свет“, во организација на канцеларијата на ОН, а во соработка со Стопанската комора и Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. 

Таа потенцира дека оваа порака била испратена и од Четвртата меѓународна конференција за финансирање на развојот, одржана во Севиља во 2025 година, а како што рече овој форум, всушност претставува следен чекор по таа конференција. 

Колумбија истакна дека според податоците во извештајот на ОЕЦД, малите и средни претпријатијаво Македонија покриваат околу 70 проценти од вкупната вработеност во земјата и создава значителна додадена вредност.

Реклама

-Со други зборови, малите и средни претпријатија се столбот на економијата. Но тие не можат да се развиваат без соодветна поддршка. Тие се повеќе се ‘рбетот на економијата – нагласи таа и додаде дека според извештаите од истата организации од оваа година многу од нив сè уште се соочуваат со ограничен пристап до финансии, дигитални алатки и квалификувана работна сила. 

Таа додаде дека поддршката за надминување на овие предизвици е од суштинско значење за земјава со цел успешно да се интегрира во светските процеси и да ги исполни своите национални цели.

Колумбија истакна дека во суштина одржливоста значи подобрување на животите на луѓето, таа им помага на бизнисите да ги намалат енергетските трошоци, да се справуваат со климатските промени и да привлекуваат инвестиции, но нејзиното вистинско влијание е поврзано со животот на луѓето, креирање на висококвалитетни работни места, обезбедување безбедни услови за работа за сите, како и почист воздух и поздрави заедници во кои живееме.

-Да резимирам што значи одржливоста. Често разговараме на оваа тема и се прашуваме: што всушност е одржливост? Во суштина, таа претставува вложување во луѓето, заедниците и, на долг рок, во нашата економија. Така ќе можеме подобро да се справуваме со неизвесноста, да ги исполниме барањата на потрошувачите и да бидеме поконкурентни на глобалниот пазар – нагласи постојаната координаторка на ОН во земјава.

Изградбата на одржлив приватен сектор бара силни партнерства, додаде Колумбија и посочи дека тие треба постојано да се градат и зајакнуваат.

-Владите создаваат поволна средина преку политики и законодавство. Финансиските институции обезбедуваат капитал и пристап до заеми. Бизнисите носат иновации. Развојните партнери придонесуваат со експертиза, а Обединетите нации имаат единствена улога во обезбедувањето поддршка за одржлив развој, социјална инклузија и други значајни придобивки – рече таа.

Пред присутните воведно обраќање имаше и евроамбасадорот Михалис Рокас, кој истакна дека еден од главните предизвици со кои се соочува европската економија е како да остане просперитетна, отпорна и конкурентна во свет што брзо се менува.

-Одговорот е јасен. Конкурентноста на Европа сè повеќе ќе зависи од нејзината способност да ја модернизира својата економија. Затоа одржливоста не е само цел за заштита на животната средина, односно не е само еколошка цел. Европската Унија, пред сè, се приспособува на новата глобална реалност. Геополитичките тензии, технолошкиот развој и сè поголемиот притисок врз синџирите на снабдување создаваат нови услови на меѓународниот пазар. Истовремено, климатските промени и екстремните температури што ги чувствуваме низ цела Европа нè потсетуваат дека нивните економски и социјални последици веќе се реалност. Токму затоа Европската Унија останува цврсто посветена на зелената транзиција. Нашиот одговор е да ги зајакнеме капацитетите на Европа за таа да биде уште поконкурентна – истакна евроамбасадорот.

Тој нагласи дека насоката е инвестирање во иновации, чисти технологии и вештини, како и зајакнување на единствениот европски пазар и нови технологии. 

Европските компании, додаде тој, очекуваа поголема транспарентност и поодржливи синџири на снабдување, а бизнисите што навреме ќе се приспособат ќе бидат во подобра позиција да пристапат до финансиски средства, да привлечат инвестиции и успешно да се натпреваруваат на европскиот и на глобалниот пазар.

-За земјите кандидати, како што е Македонија, ова е јасна насока на движење. Тоа не е само европска политика, туку пат кон долгорочен просперитет и успешна интеграција на европскиот пазар. Гледаме дека домашните компании сè повеќе се приспособуваат на новите стандарди и очекувања на пазарот. Тоа покажува дека одржливоста може да биде двигател на иновациите и долгорочниот раст. Во исто време, нагласуваме дека за оваа транзиција се потребни инвестиции, знаење и поддршка, особено за малите и средните претпријатија, кои се столбот на економијата – нагласи Рокас.

Тој потенцира дека во таа насока партнерството меѓу ЕУ и земјава е од клучно значење.

-ЕУ и понатаму останува доверлив партнер на земјата. Нашата цел е вашата економија да биде што е можно поподготвена за економијата на иднината – економија што создава поквалитетни работни места и повеќе можности за сите граѓани. Затоа реформите што ќе го подобрат деловното опкружување се клучни за отпорноста и одржливоста на земјата – нагласи Рокас.

Тој порача дека Владата мора да создава поволни услови за реформи, финансиските институции треба да поддржуваат одржливи инвестиции, а деловните здруженија треба да ги зајакнуваат знаењето и капацитетите на компаниите.

-Владата, исто така, треба да го слуша гласот и препораките на приватниот сектор за тоа како да се зголеми конкурентноста. Универзитетите и истражувачките институти мора да обезбедуваат иновации и нови вештини, како и да ги приспособуваат наставните програми на потребите на современата економија. Меѓународните партнери мора да продолжат да ја поддржуваат оваа трансформација. Токму во тоа е вредноста на денешниот форум, бидејќи заедно можеме да изградиме поконкурентна економија, поотпорен приватен сектор и попросперитетна иднина за сите нас. На овој пат ЕУ ќе продолжи да стои покрај Македонија, додека заедно се приближуваме кон европската иднина – порача Рокас.