Реклама

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Прилози

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Македонија се уште без политички консензус за изборниот законик. Премиерот Мицкоски вели…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија се уште без политички консензус за изборниот законик. Премиерот Мицкоски вели дека без одговорност и зрелост не можат да се исполнат 100% од реформската агенда. Иако за тоа да се случи останува само усвојувањето на изборниот законик до средината на јули, вели не знае зошто опозицијата блокира. Уште еднаш ги повика опозициските партии да дадат предлог, наместо да смислуваат изговори и одолговлекувања.

„И повторно апелирам, на одговорност, на зрелост од страна на опозицијата. Предлогот е на маса. Ние како владина коалиција сме усогласени и велиме, дајте луѓе, усоласете се, направете текст, еве ангажирајте експерти. Нека ви состават текст. Дајте ни го, да го поддржиме. Еве и тоа не го прават. Јас навистина не знам“ – вели Мицкоски.

Опозицијата, пак, обвинува дека поради премиерот Мицкоски, Македонија повеќе не била на европскиот пат. Според претседателот на СДСМ, Филипче, спорен е начинот на гласање на дијаспората, кој би можел да го наруши легитимитетот на некои следни изборни циклуси и бил доказ дека Владата не била заинтересирана за Европа. Тој предложи формирање работна група која би можела да најде начин како дијаспората соодветно да гласа.

Реклама

„Ако го тргнат членот во којшто се менува досегашниот начин на гласање на дијаспората и да се согласат, еве на пример, да се формира работна група којашто доколку треба може да разговара за некој начин соодветен како поинаку би гласала дијаспората, да им се олесни на тие луѓе, но не со примери какви што во Европа досега не функционирале и ниту една европска земја тоа не го направила“ – вели Филипче.

Ако сакате нешто да не се заврши, формирајте експертска група, ова е одговорот на премиерот Мицкоски на предлогот на Филипче. Мицкоски вели ретко кога имало ваква влада која и нуди на опозицијата бланко простор да состави текст кој би бил поддржан од сите. Обвинувањата дека изборите ќе биле нерегуларни со сегашниот предлог за гласање на дијаспората, според Мицкоски, „не држат вода“ бидејќи Македонија имаше лани локални избори кои поминаа мирно  и без инциденти, односно во скандинавска атмосфера.

„Ние имавме јасен став – вие во опозицијата донесете експерти, правете што ќе правите, донесете текст во којшто ќе биде вклучена и методологија како би гласала дијаспората поинтензивно, ние без да го проверуваме веднаш ќе го поддржиме. Ни тоа не го направија. Камо ли ние кога бевме во опозиција да имавме ваква Влада која ќе ни оставаше бланко простор за да можеме да поднесуваме решенија“ – вели Мицкоски.

Инаку , од државите на евроинтегративниот пат, идната недела Украина и Молдавија ќе отворат по два кластера во преговорите со ЕУ, а Црна Гора и Албанија ќе затворат по три. Еврокомесарката за проширување Марта Кос, при посетата на Македонија пред неколку дена рече дека земјава е на добар пат, меѓу лидерите во спроведувањето на реформите. Во врска со најголемата пречка, бугарскиот услов з ауставни измени кој стана дел од преговарачката рамка, Мицкоски во повеќе наврати порача дека нема да стави потпис на уцени, без разлика на политичката цена која ќе треба да ја плати.