Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Инфраструктруните проекти да останат меѓу приоритетите, велат експерти за Алфа

Секоја инфраструктурна инвестиција носи подобар живот за граѓаните. За 2 години се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Секоја инфраструктурна инвестиција носи подобар живот за граѓаните. За 2 години се работи на повеќе од 300 инфраструктурни проекти, водоводи, канализации, пречистителни станици и системи за заштита од поплави. Експертите велат дека ваквите инвестиции не само што ќе донесат придобивки за граѓаните, туку ќе придонесат и за подобра заштита на животната средина.

„Прво нема да има излевање на водата при обилни дождови, нема да може да се нанесе директна штета на станбените објекти каде што живеат граѓаните во тие општини каде што се градат, а втората работа е што површините каде што се одгледуваат одредени земјоделски култури или каде што има производствени капацитети или некакви други капацитети нема да се оштетат. “– вели аналитичарот Синиша Пеќевски.

Експертите, сепак, посочуваат дека на долг рок подеднакво важно е проектите соодветно да се одржуваат.

Реклама

„Нема да се дозволи загадување на водата и сите оние отпади со пречистителните станици нема да се дозволи да се загадува водата и почвата бидејќи со овие инвестиции во пречистителните станици сите тие отпадни води ќе завршуваат на едно место каде што ќе може да се преработат со цел да не се загадува покрај реките, а второ да не се загадува и почвата која е извор на храната кој се произведува во тие региони.“– вели Пеќевски.

Власта потсетува дека надлежните продолжуваат со реализација на проекти за подобрување на водоснабдувањето, канализациската инфраструктура и заштитата на животната средина. Најавуваат дека ќе продолжат со инвестиции кои, според нив, треба да придонесат за подобар квалитет на живот на граѓаните. Меѓу проектите се регулацијата на коритото на Сува Река, изградбата на канализацискиот систем во Враништа, пречистителната станица во Чучер Сандево, како и реконструкцијата на дел од водоводната мрежа во Скопје и новиот водоснабдителен систем во Лениште.