Реклама

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Прилози

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Поголема контрола, побезбеден транспорт на стока и патници на македонските патишта. Осумнаесет…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поголема контрола, побезбеден транспорт на стока и патници на македонските патишта. Осумнаесет модерно опремени возила ќе патролираат на автопатите и ќе прават контрола на камиони кои превезуваат меѓу другото и опасни материи. Дополнително ќе вршат техничка проверка и на автобуси и комбиња кои вршат превоз на патници. Донацијата од Европската Унија во износ од 700 илјади евра помага во исполнување на делот од Европската Агенда за воведување на т.н интелегентни транспортни системи.

Ние во соработка со МВР, Министерството за Локална самоуправа а во координација со европската делегација и Еу веќе менуваме 5 закони коишто ќе треба да значат воведување на интелегентни транспортни системи, изјави Александар Николоски, Министер за транспорт.

Оваа донација од ЕУ е по идеја на Министерството за транспорт, со која ќе се овозможи подобра проверка на патиштата за побезбеден транспорт, но исто така е во согласност со европските стандарди за безбедност на патиштата.

Реклама

Денешнава донација се вклопува во иницијативата и на безбеден град. Така што јас мислам дека со испораката на 18 те возила, а наскоро се очкува и на други дополнитлени возила, со ова ЕУ покажува како најдобро се користат грантовите. Исто така истворемено денешната испорака е уште еден доказ дека со овие возила и помага на земјата подобро да се подготви за членство во ЕУ, изјави Михалис Рокас.

За целосно исполнување на обврските за безбедност во патниот сообрајќај, потребни се и вложувања во дигитализацијата на целокупниот превоз, преку т.н. интелгентен систем за транспорт, па затоа паралелно Министерството за транспорт работи на овој проект со меѓународните партнери.

Во соработка со Свестка Банка како и со голем грант некаде од 13 милиони евра од механзимот за поддршка на Запданен Балкан веќе работиме кон инсталација на паменти, односно интелегентни транспортни системи на коридорот 10. При крај ни е постапката со Сб и со ЕУ, а во следниот период ќе работиме и на коридорот 8, додаде Николоски.

Министерството за транспорт и царината во соработка со стопанските комори и превозниците веќе засилено работи и на тестирање на софтвери за побрзо поминување на граничните премини како и подоготвка за воведување на електронски товарен лист, Ова е заокружување на процесот на дигитализација во транспортот и усогласување со европското законодавство.