Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Економија

Заврши годишното оданочување на граѓаните за 2025 година, пријавени се над 612 милијарди денари

Заврши годишното оданочување на граѓаните за 2025 година, пријавени се над 612…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заврши годишното оданочување на граѓаните за 2025 година, пријавени се над 612 милијарди денари, а вкупно пресметаниот данок на личен доход изнесува 39,8 милијарди денари. Управата за јавни приходи денеска соопшти дека во споредба со 2024 година вкупниот пријавен доход во годишните даночни пријави е зголемен за 74,1 милијарда денари, а пресметаниот данок на личен доход за 4,86 милијарди денари.

Генерирани се 863.100 годишни даночни пријави, а од нив, 704.443 се достапни на корисничките профили во системот е-Даночни услуги, додека останатите се однесуваат на лица кои сè уште немаат регистриран кориснички профил на порталот и не можат да извршат увид во ГДП, со цел да ги проверат податоците и да го преземат налогот за плаќање.

За таа цел, УЈП ги повикува сите физички лица кои сè уште немаат кориснички профил на е-Даночни услуги, веднаш да се регистрираат на https://e-ujp.ujp.gov.mk.

Реклама

– Увидот во вашата пријава е ваше право и ваша одговорност — само преку системот можете да проверите дали имате обврска за доплата или побарување за поврат на данок, велат од УЈП.

Од вкупно 704.443 ГДП пријави, 26.653 пријави се потврдени лично од даночните обврзници, а 1.145 пријави се коригирани од нивна страна, по кои корекции службени лица во УЈП тековно одлучуваат. Останатите 676.645 пријави се потврдени службено од страна на УЈП.

– Овој податок укажува дека значителен број граѓани не извршиле увид и не ја потврдиле лично својата пријава. Иако службеното потврдување е законски предвидена можност, тоа значи дека даночниот обврзник не ги проверил податоците и не се произнел по нив. Пријавата генерирана од УЈП се темели на податоците доставени од исплатувачите. Доколку некои приходи не се евидентирани или се евидентирани погрешно, граѓанинот може да го забележи тоа, но само ако ја прегледа пријавата. Непроверената и службено потврдена пријава може да резултира со ненавремено откривање на грешки, неточни износи и дополнителни обврски, појаснува УЈП.

Поголемиот број пријави (313.519) покажува дека граѓаните имаат повеќе платен данок, додека 208.857 граѓани имаат обврска за доплата. Речиси 182.000 пријави покажуваат дека данокот бил пресметан и наплатен точно во текот на годината без потреба за доплата или поврат. Од обврзниците кои имаат повеќе платен данок, 617 обврзници искажале барање за враќање на повеќе платениот данок во износ од 32.397.022 денари.