Протести во бугарското село Безмер поради најавеното распоредување американски воени авиони во истоимената воздухопловна база. Жителите негодуваат зашто одлуката била донесена без консултација со нив. Росен Русев, градоначалникот на селото, нагласува дека луѓето не се против постоењето нанавоената воздухопловна база или спроведувањето на воени вежби, туку против конкретната мисија. Според него мештаните стравуваат дека по дипломатската нота на Иран, нивниот регион би можел да стане цел на војна која не е нивна доколку ескалира ситуацијата на Блискиот Исток.