Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

„Еуростандард банка“ била намерно втурната во стечај со долг од над 27 милиони евра – Поднесено обв инение за раководството

По речиси шест години од пропаѓањето на „Еуростандард банка“ Обвинителството денеска отвори…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По речиси шест години од пропаѓањето на „Еуростандард банка“ Обвинителството денеска отвори предмет и поднесе обвиение против четворица од поранешното раководство. Сите се сомничат дека со своето работење, одобрувале ризични кредити на кредитно неспособни лица и блиски пријатели и партнери, со што свесно ја турнале банката во стечај. Обвиненија заработија претседателот на Управниот одбор, Николчо Петковски, синот на сопственикот на банката Коста Костовски, кој во периодот од 2013 до втората половина на 2019 година ја вршел функцијата претседател на Кредитниот одбор, како и претседателот на Одборот за управување со ризици и член на Управниот одбор, Зоран Николовски. Сите се сомничат дека во период од неполни шест години, постапувале спротивно на одредбите од Законот за банки. Против поранешниот сопственик, Трифун Костовски, е поднесено обвинение за несовесно работење во службата, со што ги оштетил доверителите за повеќе од 27 милиони евра.

„Првообвинетиот како претседател на Управниот одбор и член на Кредитниот одбор, второобвинетиот како претседател на Кредитниот одбор и третообвинетиот како претседател на Одборот за управување со ризици и член на Управниот одбор, во периодот од 2013 до втората половина на 2019 година, постапувале спротивно на одредбите од Законот за банките и интерните акти на банката. Со ваквото постапување придонеле банката да биде доведена во стечај, а доверителите да бидат оштетени во износ од над 27 милиони евра“, велат од ОЈО.

„Еуростандард“ банка замина во стечај во август 2020 година. Над 70% од клиентите кои имаа заштеди до 30.000 евра успеаа да си ги повратат заробените пари, додека оние со поголем износ, остатокот подоцна го бараа од стечајната маса. За стечајот на банката беше организирана и надзорна расправа во Собранието. За обвиненијата ќе одлучува Основниот кривичен суд Скопје, кој треба да оцени дали се исполнети условите за почеток на судскиот процес.