Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Експерти: Инфлацијата под контрола, се очекува поефтинување на потрошувачката кочничка

Намалената инфлација ќе ги намали и маопродажните цени во трговијата. Експертите очекуваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Намалената инфлација ќе ги намали и маопродажните цени во трговијата. Експертите очекуваат позитивен тренд уште на стартот на наредниот месец. И покрај силниот инфлаторен шок однадвор, еметаат дека мерките кои ги презеде Владата за стабилизирање на цените на горивото биле соодветни и даваат резултати. За граѓаните тоа значи надеж за пониски цени, за бизнисот  полесно планирање. Следен предизвик за државата е економскиот раст кој би требало да се забрза по стабилизирање на инфлацијата.

„Во сличајов значат стабилно стопанство, предвливи мерки, и понатаму нов инвестиционен циклус затоа што ќе има располагање слободни парични средства кои ќе знае дека со сигутност ќе може да ги употреби и инвестира до крајот на гдината. Инаку, при нестабилен пазар, при поголема инфлација инвестирањето доаѓа на последната ставка од желбите, односно од барањата и можностите на стопанството“, изјави финансискиот експерт Ромео Костадинов.

Воедно, според Костадинов, граѓаните реалните поефтинувања се очекува да ги доечаат некаде кон крајот на месец август.

Реклама

Двете недели се некој оптимиум каде што се уште имаме стари производи, стари репроматеријали кои што мора да одат по тековни калкулации, пресметки којшто стопанството веќе ги направило. Така да овој период ако продолжат овие трендови мислам дека ќе имаме  намалување на цените и во широката потрошувачката, но не во толкав обем како што потрошувачите очекуваат, меѓутоа ќе има значително намалување на цените, додаде Костадинов..

Во вакви услови според експертите клучно е владата да се посвети на растот на економијата.

Владата би требло да биде ориентирана кон инвестиционите активности, сиклусите кои би биле добро завршени до крајот на годината. Затоа што без нов инвестиционен циклус тоа значи забавување на стапката нарст, забавување на економијата. Во овој случлај нема потреба од некоја интервенција. Мислам дека и трговците се свесни и работат во склад со пазарнтие законитости, вели Костадинов.

Македонија има меѓу најниските инфлации во регионот. Колку за споредба, таа сега, во услови на нафтена криза е четири пати пониска инфлација споредено со онаа од 2022-ра кога Русија ја нападна Украина. Во јуни, државната статистика измери годишен пораст на трошоците за живот од 3,4%, а на месечно ниво, споредено со мај, има дури и намалување од 0,5%. Од друга страна, во јуни 2022-ра, инфлацијата го достигна плафонот и беше на нивото од 14,5%. Земјава по овој параметар е пред Грција, Хрватска, Бугарија и Турција. Нешто помала инфлација имаат само Србија и Албанија.