Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Прилози

Државава е на добар пат: Добро е што ЕУ ја препознава Македонија меѓу лидерите во реформскиот процес

Македонија е на добар пат, меѓу лидерите во спроведувањето на реформите. Тоа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија е на добар пат, меѓу лидерите во спроведувањето на реформите. Тоа е главната порака која од Скопје ја испрати еврокомесарката за проширување Марта Кос. Ова е посебно важно, бидејќи државава ја има една од потешките реформски агенди, во однос на другите. Извршниот директор на Евротинк, Димитар Николовски за Алфа вели дека добро е што за разлика од другите аспиранти за членство, ние сме меѓу најдобрите во исполнување на својата домашна задача.

-Треба да ги сфатиме дека сме на добар пат што се однесува до реформската агенда, секако тука има и доста проблеми во однос на спроведувањето на некоја од реформите кои не се спроведуваат со таква брзина, како што се предвидуваше на почетокот. Меѓутоа генерално земено со другите држави стоиме добро и остваруваме добар напредок. Што се однесува до другото погорливо прашање, а тоа е почнувањето на преговорите, т.е. отворањето на кластерите и поглавјата, таа ја повтори старата порака дека без промена на Уставот такво нешто не може да се случи, изјави Николовски.

Сепак за старт на преговори Македонија како пречка го има она што го прифатија СДСМ и ДУИ пред четири години, односно францускиот предлог, со кој бугарските услови, станаа пречка на европскиот пат на земјава. Првиот човек на Инстутот за демократија „Социетас цивилис“, Марко Трошановски, за Алфа вели дека сега мора да се најде некаков начин да се спроведат уставните измени.

Реклама

-Потврда за добриот реформски пат, барем што се однесува до реформската агенда. Очигледно тука имаме најдобар перформанс во регионот, особено што нашите заложби во таа агенда се многу потешки, посериозни од тие на останатите земји. Втората порака и најважното од се всушност се однесуваше на тоа дека гаранции во процесот не можат да се добијат и никоја земја не ги добива, изјави Трошановски.

Марта Кос од Скопје повика на консензус за измените во изборниот законик, со што земјава 100 процентно би ја исполнила реформската агенда, од тоа што е предвидено од средината на јули. Според Трошановски, на консензус за важни прашања за државата, не треба да се повикува од надвор, туку треба да биде внатрешна политичка култура.

-Пораката не треба да доаѓа од челници дека работите што се однесуваат на државата треба да ги градиме со консензус, прашање на домашна политичка култура пред се. Не знаеме до кое ниво ова се перипетии на политчките партии или станува збор за фундаментални несолгасувања. Треба да излезат од дневно политички калкулантски перипетии партиите и да се обединат околу тоа што е јавен интерес конечно, изјави Трошановски.

Согласен дека за ова прашање мора да има консензус е и Николовски.

-Апсолутно мислам дека е кон сите актери, и кон опозицијата и кон власта, дека мора да се градат овие политики со консензус, така што очекувам дека во наредниот период сепак ќе може да се дојде до консензус, за да се отклучат и тие преостанати средста од Европската Унија, изјави Николовски.

Еврокомесарката Кос порача дека Македонија е меѓу лидерите во реформските процеси, исполнети се 90 проценти од планот за раст, а за 100 процентен успех до 15-ти јули потребно е изгласување на изборниот законик, кој во моментов во Собранието е блокиран од опозициските СДСМ и Левица.

Матеја Петровски