Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Економија

До 1 септември компаниите можат да се пријавуваат за учество на ЕКСПО 2027 во Белград

– До 1 септември е отворен повикот на кој сите заинтересирани компании…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– До 1 септември е отворен повикот на кој сите заинтересирани компании од земјава ќе можат да се пријават за учество на саемската манифестација ЕКСПО 2027 што ќе се одржува од 15 мај до 15 август 2027 година во Белград, Република Србија. 

Како што беше речено денеска на прес-конференција, повикот е наменет за компании што имаат интерес да ги претстават своите производи, услуги, технологии и иновативни решенија пред домашната, регионалната и меѓународната деловна заедница, да воспостават нови деловни партнерства, да ги прошират своите извозни можности и да остварат директни контакти со потенцијални инвеститори, купувачи и институционални партнери. 

Македонија на ЕКСПО 2027 ќе настапува под слоганот „Сите ритми на сонцето“. Ќе има свој, посебен павилјон, со површина од 648 метри квадратни и тематски зони, во вид на инсталации, кои ќе ги претставуваат македонската музика, виното, туризмот, гастрономијата, природата, културата и уметноста. На овој начин, преку овие седум сегменти, на посетителите ќе им биде дадена комплетна, современа слика за земјата – како дестинација што треба и вреди да се посети.  

Реклама

Македонскиот павилјон нема да врши комерцијални дејства, никаква продажба на производи. Во него ќе има само посебен дел за винариите.

null

За компаниите не се предвидени штандови, тие своите бизнис активности ќе ги одржуваат на деловната, главна сцена на ЕКСПО, но ќе го користат Македонскиот павилјон како нивно катче, вид канцеларија, како логистичка и техничка поддршка.   

Трошоците за патувањето и престојот во Белград се на товар на фирмите, а учеството на ЕКСПО е бесплатно, поддржано од Македонскиот павилјон.

– ЕКСПО 2027 претставува исклучителна можност за презентација на нашите компании. Ги повикувам сите, не само членките на ССК, да се пријават за учество. Ова е шанса за вмрежување, за заеднички вложувања (joint venture), за нови соработки и деловни зафати, истакна Горан Ѓорѓиевски, претседател на Сојузот на стопански комори (ССК).

Според Драган Певчевски, претседател на Управниот одбор на ССК, веќе е направена апликативната форма која е достапна на интернет. Многу е едноставна за пополнување и електронско поднесување.

– Пратените апликации од компаниите ќе се евалуираат од посебна комисија и работна група. ССК ќе даде техничка поддршка во смисла на обука и однесување на компаниите што ќе се претставуваат на ЕКСПО 2027, информира Пехчевски.

null

Програмата ќе се подготвува од 1 септември до 31 декември за уште на почетокот на јануари да биде објавена и компаниите да знаат кога настапуваат – во јуни, јули или август, која недела, во колку часот и кој ден.

Александар Велиновски од „Јавна соба“ напомена дека сите активни деловни субјекти во Македонија имаат можност да се пријават и да добијат бесплатна техничка поддршка за учество на ЕКСПО 2027.

– Сакам само да објаснам дека во рамки на Македонскиот павилјон се поставени инсталации што ја отсликуваат Македонија. Таму нема да се прават презентации, ниту комерцијални дејства. Сите бизнис активности ќе се одвиваат на деловната сцена на ЕКСПО. Наша задача е да излобираме да добиеме што подобри, ударни термини. Тоа не се однесува само на деловниот сектор, туку и на музичката програма и на сите сегменти што ќе бидат опфатени. Тежнееме кон тоа компаниите да остварат некаква директна соработка – со инвеститори, партнери, да го зголемат извозот, подвлече Велиновски.

Тој истакна дека активен повик има и за винариите кои се предвидени на 35 до 40 метри квадратни во посебен дел од Македонскиот павилјон, внатре.

null

– Македонските винарии што ќе се пријават ќе добијат шанса да бидат присутни 92 дена во Павилјонот. Тие ќе достават одредена количина вино која бесплатно ќе се дели на секој посетител што ќе има интерес да проба од македонското вино и на тој принцип ќе се промовираат. Во тематската недела од 5-ти до 12 јуни, кога виното е во фокус, предвидени се одредени организирани средби со деловен сектор од Србија каде што ќе се остварат професионални средби. Веќе работиме на тоа  во Павилјонот да донесеме дистрибутери и туристички организации што работат исклучиво на вински туризам и тој ден да остварат средби. Во фокус се и домаќинствата и винариите. Тоа е наш адут што е предвиден во однос на промоцијата на вински туризам и извоз на македонското вино, рече Велиновски.

На Националниот ден на Македонија, 20 мај, со почеток во 15 часот е предвидено во Македонскиот павилјон да има високи делегации од Македонија и потпишување меморандуми за соработка со Србија. Тој ден фокусот ќе биде Македонија – македонската храна, вино, музика,…

Досега, 135 земји пријавиле учество на ЕКСПО 2027 во Белград, меѓу кои и Македонија. Организаторите предвидуваат дека саемската манифестација ќе има околу осум милиони посетители во период од 92 дена, што е повеќе од 85.000 – 86.000 дневно. Во рамки на ЕКСПО 2027 ќе има шест тематски недели кои опфаќаат поголем дел индустрии и сектори: здравство, текстил, агро, енергија, гостопримство, туризам,…

ЕКСПО 2027 ќе има своја програма, а националните павилјони се поканети да организираат своја програма.

Дизајнот на Македонскиот павилјон е целосно дефиниран и од 15 октомври ќе почне да се „гради“. Модуларен е и целата инсталација што ќе биде во Белград е лесно пренослива. Течат преговори со неколку општини, заинтересирани да го преземат Македонскиот павилјон понатаму, по завршувањето на ЕКСПО 2027,  зашто се работи за сериозна инвестиција и капитал што може да се исползува најмалку во наредните 10 до 15 години.