Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Деновиве во Кореја се одлучува за статусот на Охрид во УНЕСКО

По години предупредувања и бројни препораки, судбината на  Охрид повторно е во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По години предупредувања и бројни препораки, судбината на  Охрид повторно е во фокусот на Комитетот за светско наследство на Унеско. Во Бусан ,Република Кореа се очекува донесување на одлука од која ќе зависи дали Македонија ќе добие нова можност и дополнителен рок  да ги исполни барањата и да го зачува статусот на едно од највредните светски наследства.

Претседателката Гордана Силјаноска Давкова цени дека дополнителното време би било нова, но можеби и последна шанса државата да покаже одговорен однос кон Охрид. Според неа, УНЕСКО не очекува само ветувања, туку конкретен план, јасни рокови и видливи резултати кои до сега како што вели не ги покажавме во заштитата на природното и културното богатство како цивилизациска придобивка.

” Мислам дека треба закон да се донесе за Охрид и за околината, со точно предвидени постапки што е забрането, што не е забрането, што не смее да се допре. Но мислам дека она што го бара УНЕСКО од нас, не е да се справиме со проблемите што се очигледни, туку да покажеме отворено воља и спремност да почнеме одговорно да се однесуваме кон Охрид–”  вели Гордана Сиљаноска Давкова-Претседател на Македонија

Реклама

При неодамнешната посета на Охрид, Премиерот, истакна дека Владата побарала дополнителен период за да се исправат пропустите создадени во изминатите децении.

 “Шест години бараме период во кој што тоа што било констатирано во минатото, ќе го исправиме. Не можеме едноставно супермени да бевме за две години, не можеме да исправиме нешто што е три и пол децении расипувано, а во овој случај, богами и малку повеќе. Кога станува збор за дивоградбите и за сето тоа кое што е направено покрај Охридското крајбрежје. Така што, ние побаравме ги аргументиравме нашите позиции “-рече премиерот Христијан Мицкоски

Расправата за охридскиот Регион сè уште не дојде на дневен ред на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во Бусан. Одлуката за неговиот статус се очекува во продолжението на заседанието, кога ќе биде познато дали Македонија ќе добие дополнителен рок за исполнување на препораките или ќе се најде на листата на светско наследство во опасност.