Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Прилози

Девет дена без чиста вода во Гостивар

„Поради забраната за пиење и користење на водата во Гостивар, угостителите најдоа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поради забраната за пиење и користење на водата во Гостивар, угостителите најдоа привремено решение. Наместо стаклени, пијалаците на гостите им се служат во пластични или пак хартиени чаши, со цел целосно да се избегне користењето на водата од чешма.

Проблемот со водата за пиење е се уште дел од секојдневието на гостиварци. Угостителите бараат алтернативни решенија по хавартијата. За правење кафе и приготвување храна користат флаширана вода.  Но иако ги почитуваат стандардите, сепак се жалат дека гостите стравуваат да одат во локалите.

Вака денес се послужува бурекот во една од бурекџилниците во Гостивар, во пластични чинии и со пластичен прибор за јадење.

Реклама

Граѓаните се снаоѓаат на различни начини – купуваат вода, се снабдуваат од околните градови и села, или пак ја користат онаа која државата ја нуди како помош на пунктови низ повеќе локации во градот. Но сепак велат дека секојдневието им е отежнато.

Очекуваме секојдневно да имаме чиста вода, но дали ќе добиеме. Јас живеам во село и не ја користам водата од водоводот, имам бунар. Наводно до крај на неделава објавија дека ќе имаме техничка вода, а до наредната и за пиење. Земаме од пунктовите вода. За перење паузираме, а за готвење со купена вода готвиме и користиме и пластични чинии и прибор.“ – велат граѓаните.

Надлежните уверуваат дека епидемијата во Гостивар влегува во смирувачка фаза. Граѓани и натаму се пријавуваат со здравствени проблеми, но во значително помал број. Досега околу 4000 жители на Гостивар побарале лекарска помош. Се започнува со целосна епидемиолошка анализа со која треба да се утври хронологијата на настаните и причините кои доведоа до ваквата состојба.

„Управувачкиот комитет работи на прашањето, а вчерашните резултати сè уште беа недоволни на резидуален хлор. За водата да биде безбедна до одреден степен се гледа колку хлор има во водата, а тоа уште го нема постигнато посакуваното ниво. Се прават редовни анализи на водата на повеќе мерни места во моментов, а кога хлорирањето ќе биде на задоволително ниво ќе биде дадена дозволата за употреба за техничка вода.“– вели министерот за здравство, Сашо Клековски.

Во меѓувреме се превземаат мерки за подобрување на квалитетот на водата, меѓу кои и нејзиното хиперхлорирање и чистење на водоводот.