Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Економија

Божиновска од „Глобочица“: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновскa ја посети хидроелектраната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновскa ја посети хидроелектраната „Глобочица“, каде што заедно со директорот на Подружница ХЕС „Црн Дрим“, Гоце Божиновски, изврши увид во работењето на еден од најзначајните хидроенергетски капацитети во државата и разговараа за идните инвестициски активности и развојните планови.

Во фокусот на работната средба, како што информираат од Министерството, биле производните резултати, реализацијата на планот за производство, тековното и инвестициското одржување, како и следната фаза од ревитализацијата на хидроелектраните „Глобочица“ и „Шпилје“.

Особено, велат од Министерството, охрабрува податокот дека „Глобочица“ веќе има реализирано речиси 80 проценти од годишно планираното производство, а само во првата половина од годината во македонскиот електроенергетски систем испорачала 120 GWh електрична енергија – речиси 19 проценти повеќе од планираното.

Реклама

– Овие резултати покажуваат дека кога се инвестира во домашните производствени капацитети, државата добива повеќе сигурност, стабилност и сопствено производство на електрична енергија. Наш приоритет останува модернизацијата на постојните капацитети затоа што тие се темел на сигурен и одржлив енергетски систем – истакнала министерката Божиновска.

На средбата била презентирана и третата фаза од ревитализацијата на ХЕС „Црн Дрим“, која почнува ова лето. Најголемиот дел од инвестициите ќе биде насочен токму кон хидроелектраните „Глобочица“ и „Шпилје“, каде што се предвидени капитални зафати – замена на генератори, ротори, лежишта и блок-трансформатори, модернизација на хидромеханичката опрема и други активности што ќе ги зголемат сигурноста, ефикасноста и работниот век на постројките.

Паралелно се разработуваат и нови развојни проекти, меѓу кои „Глобочица 2“, „Шпилје 2“, пловечка фотонапонска електрана на акумулацијата „Шпилје“, модернизација на регулациониот систем за автоматска контрола на испустот и далечинско управување со нивото на Охридското Езеро и реката Црн Дрим, како и други проекти што ќе придонесат за зголемување на домашното производство на чиста енергија.

Од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини појаснуваат дека ХЕЦ „Глобочица“, која е пуштена во употреба 1965 година, повеќе од шест децении претставува еден од столбовите на македонската електроенергетика. Од почетокот на работата до денес има произведено над 10.500 GWh електрична енергија, а преку досегашните ревитализации нејзината инсталирана моќност е зголемена од 34,5 на 42,5 MW.

Министерката Божиновска нагласила дека вложувањата во ваквите капацитети не се само инвестиции во инфраструктура, туку инвестиции во енергетската безбедност, економскиот развој и енергетската независност на државата.

– Хидроелектраните се нашата домашна, чиста и стратешка енергија. Тие ја намалуваат зависноста од увоз, обезбедуваат стабилно производство и претставуваат еден од најсилните столбови на зелената енергетска транзиција. Затоа продолжуваме со инвестиции што ќе обезбедат овие капацитети сигурно да произведуваат и во следните децении – порачала Божиновска.