Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Андоновски: Компаниите конкретно да кажат – кои услуги да се дигитализираат

Компаниите да бидат конкретни во барањата, да кажат точно што им треба,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Компаниите да бидат конкретни во барањата, да кажат точно што им треба, кои услуги да се дигитализираат. Ни недостасува фидбек од нив. Им стоиме целосно на располагање. Изминативе две години покажавме дека сме многу отворени и за коментари, и за критики, и за нови идеи, и за заедничка соработка, но мислам дека е потребно малку повеќе да ги операционализираме работите, да намалиме со бројката на состаноци, а да зголемиме со бројката на имплементирани проекти, рече денеска министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

Андоновски, кој беше меѓу панелистите на форумот “Претворање на одржливоста во конкурентност: Градење отпорни бизниси во неизвесен свет“, укажа дека бизнисот многу малку ги користи дигиталните услуги што ги нудат институциите.

-Компаниите на меѓународниот пазар веќе не се натпреваруваат само со производ и со цена. Се натпреваруваат и со стандарди, со исполнување услови, со деловни практики, со системи. И во таа насока мора да размислуваме, да ја користиме дигитализацијата како алатка во процесот на градење одржливост, ефикасност и отпорност. Би спомнал три области. Ние, прво, многу се фокусиравме на порталот за услуги и веќе се достапни десетици услуги кои се однесуваат исклучиво на компаниите. Од потврдите за неосудуваност, кои често им се потребни, до скоро сите услуги на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Но, услугите на РКЕ никој воопшто не ги користи, услугите на Агенција за храна и ветерина, преку 20, исто, воопшто никој не ги користи. Сме дискутирале, ни недостасува фидбек од компаниите што конкретно им е потребно да биде дигитализирано. Свесен сум дека работите треба да добијат поголема динамика, но, да бидеме конкретни во барањата кон институциите, што е потребно? Што најмногу се користи? Ние правиме анализа од наш аспект, каде имаме најмногу трансакции, каде гледаме дека има најмногу движење, кои сектори се извозно ориентирани, па треба дополнително да им помогнеме, но искрено ни недостасува фидбек, истакна Андоновски.

Реклама

Тој најави две услуги кои се во фаза на тестирање подолго време – за извозот на вино и извозот на тутун.

-Сите потврди и сертификати ќе бидат достапни електронски и тоа ќе го забрза процесот, зашто сега треба рачно да вадите за секоја серија што се извезува. Ваков тип услуги ние можеме да дигитализираме со динамика пет месечно, но ни треба да знаеме што конкретно е потребно, повтори министерот.

Тој се осврна и на платформата за интероперабилност.

-Ја зголемивме месечната искористеност на платформата повеќе од двојно, околу 250 отсто, но би сакал тоа зголемување да биде 1.000 проценти, зашто е можно. Ние од бројка 35 – 40 институции и само една – две компании, сега сме стигнати до бројка од 95 институции и компании закачени на платформата – телеком операторите, банкарскиот сектор делумно, осигурителните компании делумно и финтек заедницата со 80 отсто. Ниту еден друг сектор не го гледам на платформата за интероперабилност. Бесплатно е закачувањето, бесплатно е правењето трансакции и достапноста од Централниот регистар на население на сите компании што работат со клиенти, физички лица им дава инстант. Бесплатно е, само треба законски да имаат основа за прибирање податоци по определена категорија. Истото важи ако се договорат дека сакаат да споделуваат информации со Народна банка, УЈП, Централен регистар – сите овие податоци можат да ги разменуваат преку платформата за интероперабилност, потенцира Андоновски.

Лани, рече министерот за дигитална трансформација, имаше околу 8 милиони трансакции.

-Навистина се зголемува динамиката, но потребно е уште, а недостасува интерес, желба од страна на приватниот сектор. Јас добивав прашања дали еден ден ќе се наплаќа. И да се наплаќа, тоа ќе биде толку минимално – само за да ја одржиме платформата во живот, напомена министерот.

На панелот учествуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.