Реклама

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Економија

🎥 Петкова: Како пратеници заедно со Владата од Буџетот определуваме соодветно средства и за сите во Гевгелија

На денешната панел дискусија на тема „Инфраструктурен бум, ги градиме темелите на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешната панел дискусија на тема „Инфраструктурен бум, ги градиме темелите на промените“ се обрати и пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Ангелинка Петкова.

Петкова истакна дека амандманот за покачување на правото на посебен додаток и правото на попреченост е изгласан и зголемен за 50 милиони денари, со што со тој амандман ќе добијат покачување сите лица со попреченост до 26 години, и лицата над 26 годишна возраст кои го користат правото на посебен додаток.

„Оваа недела се заврши амандманската расправа за ребалансот на Комисијата за финансирање и буџет, како човек кој доаѓа од социјалната заштита горда сум што сум потписник заедно со моите колеги од ВМРО-ДПМНЕ на еден амандман со кој баравме 50 милиони денари за покачување на правото на посебен додаток и правото на попреченост. Амандманот беше прифатен, со овој амандман ќе добијат покачување сите лица со попреченост и тоа лицата до 26 годишна возраст кои го користат правото на посебен додаток, како и лицата над 26 годишна возраст кој го користат правото на попреченост“, рече Петкова.

Реклама

Пратеничката посочи дека Законот за заштита на децата кој бил закочен во 2023 година, со законските измени е откочен и повторно е воспоставен процесот на работење на Комисија за давање лиценци кои се главен критериум за вработување во градинките.

„Ние како Влада и како пратеници ќе продолжиме и понатаму да се грижиме за оваа категорија на лица и да носиме закони кои ќе го подобрат нивниот начин на живеење. Друг закон кој е од големо значење за граѓаните е законот за заштита на децата, со овие законски измени ние го откочивме процесот на работење на Комисијата за давање на лиценци, за лица кои сакаат да бидат вклучени во системот на згрижување на деца од предучилишна возраст, оваа Комисија застана со работа со месец октомври 2023 година, и од тогаш па до денес немаше можност за издавање на лиценци, а лиценците се главен критериум и основен услов за вработување во градинките“, децидна е Петкова.