Реклама

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Прилози

🎥 Македонија го живее врвот на топлотниот бран, од утре пад на температурата

Пекол во главниот град. Скопје ги живее најтоплите денови во последните години.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пекол во главниот град. Скопје ги живее најтоплите денови во последните години. Воздухот е врел, асфалтот гори, а температурите се искачија над 40-тиот степен. Улиците се празни, сенките стануваат спас за граѓаните кои викендов се во главниот град.

Неиздржливото време предизвикува здравствени проблеми кај граѓаните. Колапси по улици, слабост, отежнато дишење. Итната медицинска помош веќе бележи интервенции – и покрај апелите, граѓаните не секогаш ги следат препораките. Од Итната медицинска помош велат – утрото започна бурно.

„До 11 и 15 веќе имавме три колапси, една во домашни услови, другите на јавни места. Граѓаните се жалат на варијации во крвниот притисок, вртоглавици, отежнато дишење. Се знае – од 11 до 17 часот да не се излегува ако не е неопходно. Да се носи полесна облека, капи, вода, и секако, редовната терапија да се зема со претходно мерење на притисок“, изјави Рихад Реџепи дежурен од Итната помош.

Реклама

Некои ги слушаат препораките. Други – не. Повеќето – бараат полусенки, како привремено спасение од неподносливото жешко.

Според метеоролозите, ова би требало да биде последниот ден од најсилниот топлотен бран годинава. Од утре – благо освежување и мал пад на температурите. Но, додека жештината не попушти, повикот останува ист – внимавајте на здравјето и хидрирајте се.