Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Јаневска: Среќна сум што денеска почна второто полугодие, неопходно е да се почитува редот во образованието

Јас сум многу среќна што грипот не достигна такви размери и што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јас сум многу среќна што грипот не достигна такви размери и што учениците може денеска да го почнат второто полугодие од учебната година, изјави министерката за образование и наука, Весна Јаневска. 

Во гостување на Македонската радио-телевизија претпладнево таа рече дека кај нас е „неопходно малку повеќе да се воведе ред“ затоа што нашите ученици и онака поминуваат помалку часови на настава.

Пораката на министерката следува откога деновиве во јавноста беше актуелно прашањето дали ќе се продолжи зимскиот распуст поради пораст на бројот на заболени од грип. 

Реклама

Како што рече Јаневска во интервјуто за една национална телевизија, сите можни истражувања, и во светот и кај нас, кажуваат дека колку повеќе децата се во училишните клупи толку е поголем нивниот резултат, односно стекнуваат толку повеќе знаење, вештини, компетенции.

– Нашите ученици до 15 години имаат 900 часа помалку од своите врсници во Европската Унија, чии стандарди ние сакаме да ги достигнеме и во кој клуб сакаме да се приклучиме. Но, ние, повозрасните, и родителите треба да знаат дека е неопходно да се почитува редот во образованието, додаде Јаневска.

Учениците денеска го почнаа второто полугодие од учебната 2025/2026 година, по тринеделниот зимски распуст.