Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Ѓорѓиевски: Темелна реконструкција на улицата Загрепска и изградба на потпорен ѕид

Заедно со заменик-градоначалникот на Карпош, Неделчо Крстевски, денеска го означив почетокот на реконструкцијата на улицата Загрепска, една од важните сообраќајни артерии во Карпош, која секојдневно ја користат илјадници граѓани. Оваа улица има особено значење не само за жителите на Карпош туку и за сите што гравитираат кон овој дел од градот, особено имајќи предвид дека […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заедно со заменик-градоначалникот на Карпош, Неделчо Крстевски, денеска го означив почетокот на реконструкцијата на улицата Загрепска, една од важните сообраќајни артерии во Карпош, која секојдневно ја користат илјадници граѓани. Оваа улица има особено значење не само за жителите на Карпош туку и за сите што гравитираат кон овој дел од градот, особено имајќи предвид дека токму тука се наоѓа Институтот за респираторни заболувања кај децата – Козле – пишува градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на својот фејсбук-профил.

Според него, безбеден, функционален и достоинствен пристап до ваква значајна здравствена установа не е луксуз, туку обврска.

– Станува збор за улица која со години беше во исклучително лоша состојба и чија реконструкција одамна беше неопходна.
Денес, конечно, се почнува со решавање на овој реален проблем, кој предолго ги оптоваруваше граѓаните. Со проектот е предвидена целосна санација и уредување на коловозот со цел да се обезбеди побезбеден, поквалитетен и подолготраен сообраќаен пристап. Дополнително, ќе се изгради и потпорен ѕид во должина од 50-ина метри и висина од речиси 4 метри, со што ќе се зајакне стабилноста на теренот, ќе се зголеми безбедноста и ќе се спречат идни оштетувања и ризици на овој потег – вели скопскиот градоначалник.

Реклама

За Карпош, вели тој, има сериозни капитални проекти.

– Мостот на „Љубљанска“ веќе е во напредна фаза. Проектот што со години беше закочен и за многумина изгледаше речиси невозможно да биде пуштен во функција, денес е деблокиран и се реализира со засилена динамика. Веднаш по преземањето на функцијата, се фативме за работа. Со посветеност, волја и добро раководење ја добивме потребната согласност од Конзерваторскиот центар, а денес на терен веќе се градат потпорните ѕидови, што е уште еден важен чекор поблиску до финалното пуштање во употреба на мостот и изградбата на улицата, која значително ќе го намали сообраќајниот хаос во овој дел од градот. Интензивно се работи и на клучката кај Момин Поток. И овој проект, кој во минатото беше заглавен поради недостиг на волја и одлучност, денес е деблокиран и се реализира со силно темпо – информира градоначалникот на град Скопје.

Додава дека се градат три моста, асфалтиран е дел од трасата, а набргу продолжуваме и со изградба на другиот дел од мостот на Серава, како и со реконструкција на целиот потег.

– Карпош ќе добие и голем парк од речиси 70.000 м² на потегот помеѓу булеварот Илинден и „Љубљанска“. Тоа ќе биде ново зелено катче за сите генерации, простор за рекреација, спорт, одмор и дружење. Со овој проект ќе го вратиме животот во еден заборавен дел од градското ткиво и ќе создадеме нова вредност за Карпош и за цело Скопје. Работата е нашиот потпис.
Ние ветуваме за да реализираме. Чекор по чекор, проект по проект, ги враќаме редот, динамиката и развојот во Скопје – пишува Ѓорѓиевски.

Целата објава може да ја погледнете на следниот линк: