Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Економија

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница

Се поставуваат последните слоеви асфалт на потегот од Стара Рампа до семафорите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се поставуваат последните слоеви асфалт на потегот од Стара Рампа до семафорите кај Црвениот Крст, на еден од најзначајните, но и за мене особено важни инфраструктурни зафати во градот, булеварот „Македонија“, објави денеска градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил.

Ова, како што вели. е симбол на новото време со кое Скопје се гради и се развива. Работите се реализираа со засилена динамика, често и во ноќните часови – пракса која продолжува и понатаму, како доказ за посветеноста и одлучноста овој град да се менува со конкретни дела.

-Проектот, кој со години беше оставен во застој, денес добива јасна насока, временска рамка и силна визија за современ урбан развој. Иако подземната сообраќајница како дел од третата фаза е веќе изградена, нејзиното целосно ставање во функција зависи од комплетирањето на сите фази – процес што веќе е во полн ек. Во рамки на првата фаза се изврши реконструкција и рехабилитација на постојниот коловоз, како и проширување на дел од сообраќајните ленти, со што значително се подобрува проточноста и функционалноста на сообраќајот. Проектот ги опфаќа булеварот „Борис Трајковски“ (кај Рампа), улиците „11 Октомври“ и „Пролет“, како и крак од булеварот „Македонија“ кој се поврзува со следните фази од трасата, напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Реклама

Појасни дека улицата „Пролет“ е проширена со дополнителна коловозна лента на потегот од полициската станица „Пролет“ до Тутунскиот комбинат, додека раскрсниците се уредени со нови сообраќајни острови, решенија што значително ја зголемуваат безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

-Во текот на вечерните часови ќе се изврши и целосно обележување на коловозот, со што овој значаен потег ќе биде целосно подготвен за безбедно и функционално користење. Во наредните фази следува изградба на кружен тек кај „Нова Македонија“, уште два кружни текови на потегот меѓу булеварот „Кочо Рацин“ и улицата „Јордан Мијалков“, како и проширување на булеварот „Св. Кирил и Методиј“, чекори кои ќе ја заокружат целината на овој значаен проект. Паралелно, се работи и на атмосферската канализација, со поставување на повеќе од 60 шахти и сливници – инвестиција која обезбедува долгорочна одржливост и отпорност на инфраструктурата, посочи скопскиот градоначалник.

Потсети дека подземната сообраќајница ќе располага со шест ленти, од кои четири за двосмерен автомобилски сообраќај и две за јавен превоз, како и со пешачки патеки.

-Со нејзиното ставање во функција се очекува значително намалување на метежот за 33 отсто, побрзо движење низ централното градско подрачје и создавање побезбеден, поуреден и покомфорен урбан простор, истакна Ѓорѓиевски во својат аобјав ана Фејсбук и им се заблагодари на жителите на Скопје за „трпението и разбирањето денес, поради затворањето на оваа улица, чија изградба денес успешно се завршува“.