Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Ѓорѓиевски: По 30 години голгота – булеварот Борис Трајковски добива конечно решение

Со силна динамика продолжуваат градежните работи на довршувањето на булеварот Борис Трајковски,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со силна динамика продолжуваат градежните работи на довршувањето на булеварот Борис Трајковски, еден од најзначајните инфраструктурни проекти во Скопје, кој повеќе од три децении беше симбол на нереализирани ветувања, застој и секојдневни сообраќајни проблеми – напиша на „Фејсбук“ градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Потенцира дека работите се одвиваат во согласност со предвидената динамика, а по нивното завршување, повеќе од 100.000 жители ќе добијат современ и безбеден булевар со четири сообраќајни ленти, пешачки патеки и велосипедска инфраструктура, што значително ќе ги подобри безбедноста и проточноста на сообраќајот.

– Во рамките на проектот, трасата е речиси целосно пробиена, а паралелно се реализира изградба на нова атмосферска канализација, со што трајно ќе се надминат долгогодишните проблеми со одводнувањето во овој дел од градот – истакна градоначалникот.

Реклама

Реализацијата на овој капитален проект, како што посочува Ѓорѓиевски, претставува конкретен чекор кон подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, намалување на сообраќајниот метеж и создавање модерна и функционална сообраќајна инфраструктура.

– Деценискиот сообраќаен хаос, конечно, заминува во историјата. Ова е враќање на достоинството на граѓаните и доказ дека кога има волја, работа и одговорност – нема невозможни работи! Продолжуваме да го менуваме ликот на Скопје – нагласува Ѓорѓиевски.