Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Прилози

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Пред четири години Македонија ги прифати сите бугарски уцени и условувања, односно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пред четири години Македонија ги прифати сите бугарски уцени и условувања, односно прифати тие да бидат услови на европскиот пат на Македонија. Под покровителство на тогашниот македонски премиер Димитар Ковачевски и неговиот тогашен бугарски колега Кирил Петков, а со потписите на министрите Бујар Османи и Теодора Генчовска, Македонија го прифати Францускиот предлог, со кој идентитестките, историските и прашањата за македонскиот јазик, кои Бугарија ги негира станаа услов на европскиот пат и на Македонија.

Околу тоа што Македонија можеби доби, а што можеби загуби, во вестите на Алфа во 20:15, гостин беше поранешниот амбасадор Ристо Никовски.  

-Ти денови отприлика од 30-ти јуни 2022-ра година, па до некаде 19-ти јули кога беше одржана првата меѓувладина конференција меѓу Македонија и Европската Унија се историски катастрофални. Период на невидени грешки, непоправливи грешки, меѓутоа нема безизлезни ситауции. Така да, да се зборува дека нешто сме добиле е апсолутно надвор од умот, тогаш Македонија беше фрлена на ѓубриштето од историјата и се уште сме таму некаде доколку не се преземат радикални и итни чекори да излеземе од ќорсокакот во кој се наоѓаме. Знаете нашата тогашна власт предавничка, капитулантска власт, прифати една преговарачка рамка која е апсолутно неприфатлива, со која Македонија никогаш нема да стане членка на Европската Унија и дефакто прифати да преговара за нашето членство во Унијата со Софија, каде води тоа не треба да се објаснува. Така да се што се случуваше во тие 20тина дена, од начинот на кој тој т.н. Француски предлог, тој е договор меѓу Ковачевски и Петков. Така да Македонија е сега доведена во една ситуација, на работ од еден амбис, тежок амбис, вели Никовски.

Реклама

Според Никовски сегашната власт има можност сега да преземе чекори да се подобри оваа ситуација.

-Самиот ултиматум да го менуваме Уставот произлегува од вториот протокол, вториот прокол е апсолутно нелегален, бидејќи тој претставува нов договор дефакто со Бугарија и во самиот договор за непријателство до 2017-тата година, пишува член 13, ако има било каков амандман, било каков анекс мора да оди на ратификација. Бугарското Собрание нема никогаш да прифати ратификација на наше членство, бугарскиот парламент никогаш нема да прифати ратификација членство ако не прифатиме дека сме Бугари по род, ако не прифатиме дека нашиот јазик е дијалект на бугарскиот, ако не прифатиме дека историјата ни е заедничка, односно бугарска. Значи ние сме во една ситуација која ако не ја промениме треба да бидеме свесни дека нема Европска Унија, Бугарија нема никогаш да не пушти. Значи тоа треба да го расчистиме, а патот за тоа, излезот од тоа е прво под итно да се откаже вториот протокол, изјави Никовски.

Според него добро е што конечно се менува реториката во односите со Софија.

-Власта направи извонреден потег со тоа што ја промени реториката, престана да голта кнедли, престана да прифаќа и да молчи кога не плукаат и не игнорираат, меѓутоа сега потребна е акција, таа акција мора да започне со вториот протокол кој е асполутно нелегален и треба навистина да им се каже, вториот протокол е апсолутно нелегален. Според член 13 од договорот за непријателство, тоа е врз основа на член 12 од договорот за непријателство, нов анекс и било што мора да биде ратификувано, овој не е ратификуван, значи е нелегален. Топката е кај нас, сите шанси се на наша страна, а бидејќи Европската Унија уште долго нема да се шири, имаме време за било какви потези, за било какви расчистувања и за било какво отворање на перспективите на оваа држава и на овој народ, власта е на потег и јас мислам дека ќе најдат сили и храброст и капацитети да тргнат во таа насока, изјави Никовски.

Со Ристо Никовски разговараше Матеја Петровски