Реклама

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Македонија

ЦУК: Невремето во Скопје предизвика поплави и заглавени возила, најпогодени Кисела Вода, Чаир, Бутел и Гази Баба

Повеќе пријави за поплавени подруми, дворови, магацински простории, подвозници и кружни текови,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе пријави за поплавени подруми, дворови, магацински простории, подвозници и кружни текови, како и за заглавени возила, се евидентирани попладнево по невремето што го зафати подрачјето на Скопје.

Како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 биле примени повеќе пријави од граѓани за последиците од обилните врнежи.

Според досега пристигнатите пријави, најпогодени се општините Кисела Вода, Чаир, Бутел и Гази Баба.

Реклама

Од ЦУК посочуваат дека за сите пријавени случаи веднаш се известени Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје и единиците на локалната самоуправа, кои постапуваат согласно своите надлежности.

Во моментов заседава Кризниот штаб на Град Скопје, кој ги координира активностите на надлежните служби.

-Преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 се примени повеќе пријави за поплави. Пријавени се и два подвозника со заглавени коли (пред кружниот тек во Бутел, бул. „Србија“ во Кисела Вода), три кружни токови (кај „Ист гејт мол“, општина Гази Баба; кај Мото Центар и Цементара, општина Кисела Вода; кај Железара, општинаГази Баба).
 Улицата „Јордан Мијалков“ позади „Дајмонд мол“ е поплавена.
Поплавени куќи, подрумски простории и гаражи има во населбите Кисела Вода, Автокоманда и Чаир. До ЦУК стигна и
пријава за поплавен магацин на „Веро“ во Чаир и магацин на приватна фирма во Кисела Вода.
Поплавени се и паркинзи и улици низ паркинзите во населбата Расадник во Кисела Вода и во Аеродром.
Поради невремето и поплавените улици, кружни текови и подвозници отежнато е или воопшто нема движење на возилата, соопшти ЦУК.