Реклама

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Економија

Целиот проект за изградба на новите автопати од самиот почеток е обвиен во контроверзи

Менување на Закон,  скандали околу надзорот, баснословни паушали  –  вака изгледаше патот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Менување на Закон,  скандали околу надзорот, баснословни паушали  –  вака изгледаше патот до поставување на камен – темелникот за изградба на Коридорот 8.

Проектот за Коридорите 8 и 10 д ги привлече очите на јавноста  уште во 2021 кога беше изменат Законот  кој за прв пат овозможи изградба без распишување тендер. Со ова се заобиколи законот за јавни набавки и се овозможи „договор во четири очи“ .  За сомнеж за уставноста на Законот, иницијатива до Уставен суд поднесоа од Антикорупциска која беше отфрлена.

Реклама

Две години подоцна, Владата стави парав на договорот за изградба на 110-те километри за четирите делници и неколку пати повторија : Ова е историски ден

Ова е историски инфраструктурен проект со кој исполнуваме голема стратешка определба , рече Премиерот Ковачевски на 8.03.2023

Историски ќе остане запаметен изгледа по многу работи. Најспорно во целиот процес е надзорот. Првиот обид за избор на надзор на изградбата пропадна откако победи фирма која беше поврзана со „ руска врска“.  Затоа вториот тендер донесе конзорциум од три фирми кои ги тресат скандали .

22, 3 милиони Владата се обврза да плати на конзорциумот ИРД за надзор, со објаснување дека најголем дел од парите се издвојуваат за странски експерти кои всушност на крајот испадна дека во најголем дел се домашни.  Петтмината експерти ќе добијат паушали од по 300.000 евра, а надзорните инжењери дури по 20 илјади евра месечен хонорар.

Најмногу сомнеж се отвори околу домашните компании „ Електра Солушнс“ и „ Евро консалтинг“ .

Имено, Евро консалтинг е во сопственост на Бранимир Димитријевиќ кој е баран со потерница за криминал при надзор во Ерменија . Елекра солушнс пак која ќе добие и најголем дел од 22 милионскиот колач, најмногу искуство во работеето стекнала со производство на долна облека, а дури минатата година запливала во градежни работи. Фирмата никогаш до сега не вршела надзор . Дополнително , обвинувањата кои излегоа се  дека лиценцата ја извадила на брзина односно 12 дена по распишување на тендерот, а ја добила за само 4 работни дена.

Бројните скандали за надлежните  не се спордни , упорно ја тераат реториката : се е по закон.

Имавме транспарентна постапка за избор , рече Директорот на државни патишта Ејуп Рустеми на 13.03

Кратко време по оваа изјава обвинителството отвори предмет по допрен глас и го истражува надзорот . Што точно се истражува од обвинителството сеуште не открија.  

Кристина Алексиеска