Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Економија

Фирмата Евро Консалтинг сепак е сопственост на Бранимир Димитријевиќ,обвинет во Ерменија за криминал, тврдат од ВМРО- ДПМНЕ

Бранимир Димитриевиќ до ден денес е сопственик на „Евро Косалтинг“  , никогаш…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бранимир Димитриевиќ до ден денес е сопственик на „Евро Косалтинг“  , никогаш од нејзиниото основање до денес не ја напуштил, обелоденува ВМРО – ДПМНЕ.

Ова значи дека компанија која е во сопственост на лице кое се товари за криминал при надзор, сега  добива 22 милиони за да врши надзор на изградбата на коридорите 8 и 10.

Имено,  станува збор за измама во вредност од 1,8 милиони долари при надзор на развој на проектот за коридорот Север – југ  во периодот 2009-2018 по што Димитриевиќ од Ерменија побегнал со помош на тројца македонски дипломати , со приватен авион и дипломатски пасош во 2019 кога на власт се СДСМ и ДУИ, ,велат од ВМРО – ДПМНЕ

Реклама

ТОНСКО БОЈАН СТОЈАНОСКИ – ВМРО –ДПМНЕ

. Истава фирма заедно со кинеската ЕПТИСА ќе има увид во технологијата на Американската Бехтел, во време кога државниот секретар на САД предупреди на кинеско подмитување за проекти каде се применуваат високи технологии. Груби и Ковачевски со изборот на надзорот го ставаат во ризик и Бехтел и меѓународната репутација на Македонија.

Власта упорно тврди дека одбрала  конзорциум кој е чист пред институциите , и нема намера да ја стопира постапката па за нив не е ни важно што антикорупциска отвори постапка за случајот. Премиерот Ковачевски држи цврст став дека немало да дозволи изградбата на автопатот да остане заглавена во административни работи, а антикорупциска можела да си истражува.  Првиот вицепремиер пак очигледно сака добро да „издрибла “ се, па се правдаше дека поим немал кој е сопственик на компаниите.

Не знам што не е јасно. Јас сум вицепремиер , не можам да знам кој е сопственик , рече вицепремиерот Артан Груби на 08.03.2022

За овој случај предмет по добрен глас може да отвори ОЈО за организиран криминал и корупција, појасни шефот на ОЈО Скопје Гаврил Бубевски. До сега не е покрената ваква постапка.

Спорни моменти за овој таканаречен гига проект не престануваат да се нижат. Очигледно стана дека изградбата ќе чини повеќе од 1 милијарда и 300 милиони , оти ќе се потребни плус пари за проектирање, колку никој не знае . Првиот човек на министерството за финансии уште еднаш преку колумна се пофали дека направиле историски чекор кој ќе е многу важен за домашната економија, ама не кажа колку плус пари ќе бидат потребни и како дојдоа до оваа сума кога воопшто проект се уште и нема

Кристина Алексиеска